Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.
Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат улога во секојдневието на еден професионалец од сферата.

Панелисти беа Тони Тодоров (Technical Lead во Qinshift и координатор на DevOps Qinshift Academy) и Филип Кировски (Cloud Platform Product Manager – Open GI).
На настанот се опфатија теми кои ја покрија базата на DevSecOps, што се изучува на академијата во Qinshift Academy, ролјата на еден професионалец во безбедноста на софтверот, како и алатки и процеси кои се користат.

Се изработи и демо кое може да се погледне на следниот линк: https://dev.azure.com/fkirovski0774/eShopOnWeb/_git/eShopOnWeb.git

Како и секогаш Q&A сесијата беше супер забавна. Беа опфатени длабоки прашања како и меѓурелациски проблеми од типот кој кому се лути при приоритизирање на ризици.

На крајот од вечерта ги испративме гостите со три бакнежи во образ (лево, десно, лево) и по некој ваучер за попуст на нашите академии.

Настаните од ваков тип ни говорат за моќта и значајноста на дискусиите во професионалните кругови.

Scroll to Top