Qinshift Academy (поранешен Сеавус Едукативен и Развоен Центар) е пионер на модерното неформално образование, дел од глобалната групација Qinshift и претставува специјализиран центар за обука и едукација на кадар во областите програмирање, дизајн, компјутерски мрежи и сајбер безбедност, тестирање на софтвер, дигитален маркетинг и наука за податоци.
Постоиме за да го овозможиме најдоброто преку едукативни програми кои ги следат светските трендови, одговарајќи на зголемената побарувачка на професионалци во ИТ и дизајнерската индустрија.
Суштината на нашето работење е квалитет пред квантитет, a нашиот тим со тимот на ментори работи со цел да обезбеди знаење, поддршка и мотивација во процесот на едукација и понатамошен кариерен развој на секој студент.
Што нѐ прави уникатни
Што нѐ прави уникатни
Алумни заедница со над
20.000 студенти
Искусен и посветен менторски тим
Mеѓународно сертифицирани академии и обуки
Едукативни програми кои се обновуваат секоја година
Промената е предизвик, но и чекор поблиску кон посакуваната иднина што која сами заедно ја креираме.
Промената е предизвик, но и чекор поблиску кон посакуваната иднина што која сами заедно ја креираме.
Мисија
Креираме програми за квалификација и преквалификација на млади и возрасни кои сакаат да започнат кариера во најпопуларните професии во ИТ индустријата. Овозможуваме развој и доусовршување на тимови и индивидуалци од компании, како и поттикнување и развој на иновации и претприемништво преку инвестициски поддршки на стартапи.
Визија
Редефинирање на модерното образование преку создавање на нов функционален образовен систем, подготвен да ги препознае, развие и спои талентот, иновативноста и креативниот потенцијал со потребите на глобалниот пазар и растечката економија.