fbpx
uspesna prikazna - mrezi i itops - stefan stantich

Стефан Стантич е успешнa приказнa од академијата за мрежи и ITOps кој својата кариера ја започна како IT Operations & Support Engineer во Qinshift.

Од секогаш ме интересираше како интернетот успева да го конектира светот, да го спои северот и југот да можат да пренесат информации во неколку секунди, да дозволи луѓе од различни краишта на светот да се запознаат и да се зближат. Qinshift Academy ми беше првиот избор на академија за која се зборуваше дека е една од подобрите и дека нуди прилика да се почне од нула и да се надоградува. Самата мисла дека  има можност да се почне од нула и да стремиш кон успех ме доведе до ситуација да ја одберам академијата, но бев пријатно изненаден откако ги искусив првите неколку часови и забележав дека се вложува многу труд и напор од страна на тренерите кон студентите. Може да се каже дека начинот е како да се додавате гориво во кола, за да не застане пред да стигне на дестинацијата.

Самиот почеток ми претставуваше предизвик, но беше брзо оттргнат со тоа што имавме феноменални тренери кои го набљудуваа нашиот раст и развој и ни додаваа дополнителни задачи/предизвици за да не уверат во нашите способности и не дозволија да го изгубиме  моментумот.

Самата средина во која што работам во моментов ми дозволи да научам дополнителни работи за тоа како ИТ функционира. Благодарение на академијата можев побрзо да ги испроцесирам и прилагодам за да успеам во својата кариера.

Академијата ме научи да не се плашам од нови предизвици/можности што ќе се манифестираат на патот кон успехот, туку да се зграпчат во дадениот момент и да се освојат. Да се има навика константно да се учи, чита и да се држи Up-to-Date на сите новитети во информатичката технологија.

Во моментот мојата визија е да соберам искуство и знаење во поширок аспект на IT индустријата, со кој што ке можам да определам која кариера би сакал да ја следам. Во моментов не би рекол дека имам определена насока бидејќи самата технологија се развива многу брзо и придонесува за многу интереси во различни полиња.

До идните студенти што ќе се дел од Qinshift Academy би кажал да даваат сто процентна иницијатива во студиите и да не се срамат од прашања, не постои глупо прашање и нема потреба од срам. Откако тоа ќе прејде во навика, нема да има предизвици пред вас што ќе ви претставуваат проблем.

Scroll to Top