Која е Роза Добринова?
Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како full-stack developer во FoxIT.
Од каде се јави желбата за програмирање?
Мојата љубов кон програмирањето започна во средното училиште кога за првпат се сретнав со програмскиот јазик C++. Оттогаш, мојата желба за програмирање не престана да расте. Тоа ме доведе до Qinshift Academy каде ја следев академијата за full-stack програмирање затоа што сакав да го научам целиот процес на градење на една апликација или веб страна. Според мене, програмирањето не е само интересна вештина, туку вистинско патување кое овозможува креативно изразување и решавање на предизвици.
Зошто full-stack development во Qinshift Academy?
Се започнува со искуствата на мои пријатели и колеги кои со помошта на Qinshift Academy успешно ги започнаа своите кариери. Нивните искуства беа вистинска инспирација за мене и ме поттикнаа да истражам зошто баш Qinshift Academy е толку влијателна. Гледајќи ги нивните успеси сфатив дека оваа академија нуди нешто посебно и е токму она што јас го барав. Баш поради овие причини се одлучив да ја одберам оваа академија.
Како full-stack developer, кој дел од програмирањето ти е позабавен, back-end или front-end?
Интересни ми се и двете страни. Одбивам да бидам ограничена во еден аспект на програмирањето, затоа што вистинската магија се случува кога можам да ги обединам силите на back-end и front-end заедно. Сепак, секој проект има свои уникатни предизвици кои ги носи со себе, но за да се разбере во целост мора да се има познавање од двете области. Иако работам како full-stack developer, да бидам искрена мојата пасија кон back-end програмирањето се изразува повеќе, тоа е делот каде што јас повеќе се пронаоѓам. Back-endот ми овозможува да го креирам срцето на апликацијата и да ја изградам нејзината функционалност. Омилен програмски јазик ми е C#. Една од главните причини зошто го обожавам е неговата синтакса која овозможува да креираме апликации кои се стабилни и лесни за одржување.
Tips&tricks што ги научи како студент, а ги користиш како асистент?
Некои интересни работи кои што би можела да ги издвојам, што ги научив како студент, а сега ги применувам како асистент би биле:
· Бидете љубопитни – учењето не треба да биде површинско, туку треба да се разбере што се случува “under the hood”
· Многу е важна комуникацијата – споделувајте знаење помеѓу себе
· Секоја грешка е прилика за учење – искористете ги грешките како лекции за истите да ги избегнете во иднина
· Важно е да го изразиме своето мислење и став
· Поставувајте си реалистични цели и работете постојано кон нивно остварување
Порака до идните студенти
Програмирањето е едно несекојдневно патешествие, полно со предизвици. Технологиите се менуват многу брзо, за да останете во чекор со нив вие мора да останете во еден порцес на непрекинато учење. Не се плашете од грешките, искористете ги како можност за учење и подобрување. Решавањето на проблеми, креативноста и соработката се исто така клучни аспекти во IT индустријата. Искористете ги максимално можностите кои ви ги нуди академијата и не се колебајте да поставите прашања и да соработувате со своите колеги, тренери и асистенти. Најмногу се учи кога меѓусебно споделуваме знаење и искуство. Останете истрајни до крај и дадете го вашиот максимум доколку сакате вашиот труд да вроди со плод.