fbpx
uspeshna prikazna - senad sejfikj - mrezi i itops

По успешното завршување на Академијата, Сенад ја искористи можноста за пракса во Qinshift Academy.
Сите студенти добиваат можност за пракса во Qinshift Academy по завршувањето на Академијата, бидејќи тоа претставува уште еден реален проект во кој што можат да го применат своето знаење стекнато за време на Академијата.
Прочитајте ја успешната приказна на Сенад за своето искуство на Академијата CloudOps.

Сенад е библиофил, дипломиран електро инженер во областа на компјутерски науки, кој работи како професор во средно училиште и е вечен заљубеник во техничките науки.

Мојот избор беше производ на повеќе месечно истражување, се со цел да бидам сигурен дека ќе ги добијам соодветните информации и знаења поврзани со Cloud Ops во целина.

Cloud Ops Академијата ми пружи сеопфатен дијапазон врзан за компјутерските мрежи CISCO, Windows Server, Microsoft Azure, како и многуте елементи врзани за Cyber Security.

Моите предизвици на Академијата првенствено беа поврзани со усогласеноста на моите работни обврски и со редовното следење на наставата. Одличната координација со менторите ми помогна успешно да се справам со сите задачи.

Искуството кое го имам на праксата е мошне позитивно бидејќи работиме на реални проекти, го применуваме веќе наученото од Академијата, како и нови работи кои ги знаевме како теоретски концепти ги преточуваме во реална работа.

На секој иден студент би му ја препорачал оваа Академија. Cloud Ops Академијата во Qinshift Academy ги содржи сите потребни елементи за да станете експерт во компјутерски мрежи. Тоа се пред се Менторите, практичните вежби, како и работата на реални проекти.

Scroll to Top