Која е Бисера?
Јас сум Бисера Петроска, имам 22 години и доаѓам од Скопје. Од неодaмна можам да кажам дека сум дипломирана студентка на академијата за веб дизајн и фронтенд во СЕДЦ, по што добив можност за практична работа во Нетцетера, која моментално ја извршувам. Имајќи предвид дека од секогаш уживав визуелно да ги претставам работите за коишто разговарам, запишувањето на оваа академија и намерата професионално да се остварам во оваа индустрија, некако беа природен чекор за мене.
Како тековен студент на ФИНКИ, која е разликата помеѓу студиите и академијата за веб дизајн и фронт-енд?
– Би рекла дека основната и суштинска разлика се состои во работата на реални проекти, која ја нуди академијата за веб дизајн и фронтенд. Прилагодувањето на променливите барања на клиентите, почитувањето на туѓото мислење при работењето во група, исполнување на временски рокови, истрајност и трпение се само дел од вештините кои ги стекнав, а кои верувам дека ќе бидат од исклучително значење за текот на мојата професионална кариера.
Кој модул сметаш дека се издвојува во однос на она што сакаш да го работиш понатака?
– Во однос на тоа што сакам да работам понатаму, како два модула би ги избрала следниве: UX – заради тоа што става акцент на барањата на корисниците и создава “output” којшто одговара на истите, и Vue.js – бидејќи овозможува сета работа што сме ја направиле во UX да ја реализираме и ја направиме интерактивна за нашите корисници.
Работевте како тим за реалните проекти на академијата, дали тимската работа е придобивка за студентите ?
– Мојот одговор на ова прашање е дека се согласувам 100%. Како човек кој верува во синергија, уште кога дознав дека реалните проекти ќе се работат во група, знаев дека тоа е полн погодок. Дополнително, со оглед на тоа што станав лидер на мојот тим, се соочив со нови и предизвикувачки ситуации (кои верувам дека успеав успешно да ги решам) од типот : научив да организирам различни карактери на луѓе да работат кон остварување заедничка цел, научив како да разберам дека секој работи со свое темпо, да употребам различни техники со цел да ги мотивирам членовите на тимот и слично.
Каде се гледаш себе си за 3-5 години ?
– За 3-5 години од сега, се гледам себеси со богато и разноврсно портфолио, дополнет и доразвиен freelance профил на Fiverr и да работам како Team Lead на UX сектор во некоја IT фирма.
Како би ги охрабрила заинтересирани за веб дизајн академијата во СЕДЦ?
– Доколку сакате нов предизвик, сте спремни да вложите многу труд, претпочитате тимска работа и имате барем малку аспирација кон дизајн и фронтенд, тогаш академијата за веб дизајн во СЕДЦ е вистинскиот избор за вас.
Дел од портфолиото на Бисера
Уписите за академијата за веб дизајн и форнт-енд се во тек, резервирај го своето место и креирај уште една успешна приказна !