fbpx
uspeshna prikazna - trajche galevski - digitalen marketing

Тоа што не прави најгорди и всушност целта на нашите академии се успешните приказни на нашите студенти. Од Академијата за Дигитален Маркетинг ви го претставуваме Трајче Галевски кој наученото го применува за Групер. За можностите и динамичноста на Дигиталниот Маркетинг тој ни раскажува во интервјуто подолу.

Упорен, истраен и креативен.

Да се биде дигитален маркетер значи да се биде креативен, емпатичен и спремен за учење на нови работи секој ден, бидејќи Дигиталниот Маркетинг е жива материја која се менува секој ден, секој час.
Од дете креативноста ми била јака страна. Фотографирам, снимам, едитирам. Магистрирав маркетинг. Реално гледано светот се дигитализира па така сакав да се усовршам во мојата струка. Дигиталниот маркетинг без фотографија и видео е ништо, а јас ги имам трите(хаха).

Затоа што во Македонија ако некој има традиција и искуство во технологијата и дигиталниот свет, тоа е Qinshift academy.

Моментално сум дигитален маркетер и видео дизајнер во Групер. Social Media делот, од постирање до пуштање Facebook реклами го работам јас, исто така и видео рекламите. Пишување на сценарио, снимање, монтирање и едитирање.

Читам, многу читам и следам трендови. Како што реков претходно, Дигиталниот Маркетинг е жива материја. Некои трендови ги следиме, некои ние ги креираме, па да оставиме и ние некој белег низ смеа ни кажа Трајче.

Ако навистина го сакаат Дигиталниот Маркетинг без размислување да се запишат на академијата. Мене навистина ми помогна да се усовршам, затоа што имав професори кои несебично го споделуваат своето знаење и се генијалци во својата област.

Доколку сакате започнете динамична кариера каде што преовладува креативноста Академијата за Дигитален Маркетинг е вистинското место за вас.

Пријавете се, и започнете кариера како Дигитален Маркетер.

Scroll to Top