fbpx
За почеток, те молам претстави се накратко? Како би ја опишала својата професионална приказна во три збора?

Здраво, Јас сум Теодора Петреска, QA Software Engineer. Мојата професионална приказна ја одразуваат три збора: упорност, љубопитност и посветеност.

Имаше ли можеби некој момент кога “ти кликна” дека Playwright е алатката што ти треба?

Не постоеше специфичен момент во кој решив дека Playwright е алатката што ми треба. Уште од самиот почеток, знаев дека автоматизацијата ќе биде значаен дел од процесот на тестирање.

 Кое беше првото нешто што го автоматизираше со Playwright и каво е чувството на “Еурека”!

Првото нешто кое го автоматизирав со Playwright, беше најавување во една веб-апликација и валидација на елементите на почетната страница. Кога го пуштив тестот и видов дека успешно се извршува, почувствував желба да одам понатаму.

Ако можеш да си пратиш порака на себе си пред почетокот на обуката, што би си кажала?

Би си кажала дека не треба да избегнуваме работи што не ни се познати, туку напротив, треба да се посветиме на она што се уште не го познаваме доволно.

Дали имаш некој „хак“ или трик што го научи и веднаш почна да го користиш?

Да, еден од триковите што веднаш почнав да го користам беше Playwright Codegen за наоѓање на елементи (локатори). Знаев дека постои, но почнав да го користам често кога сфатив колку ми заштедува време. Codegen автоматски  генерира локатори и ми дава точни елементи.

Што би им кажала на оние кои мислат дека автоматското тестирање е “страшно” или “многу комплицирано”?

За оние кои сметаат дека автоматското тестирање е страшно или комплицирано, би им рекла дека тоа е нормално чувство на почеток, но сo  практика станува многу појасно. Клучот е да се започне и да се ужива во откривање на нови можности.

Scroll to Top