Здраво Тамара, за почеток, опиши се со 5 зборови?
Професионална, одлучна, искрена, екстроверт, friendly, флексибилна.
Како Академијата за Security Specialist се вклопи во твоите идни кариерни планови?
Академијата дојде по некоја случајност, пред неа бев фокусирана на нешто друго.
Кога ја започнав, активно учев за да се вклопам во Cyber светот и Академијата која ја носеше основата за истиот. Да, се составија многу делови после тие 6 месеци – добив работно место кое во целост одговара со тоа што академијата ме научи.
Останува добрата основа што ја добив од Qinshift Academy за Cyber Security да ја проширам до некое следно, повисоко ниво.
Најомилен дел од наставата?
Немам, клише е да кажам ‘сите делови ми беа омилени’. Ќе останам на ‘немам’, затоа што наставата беше обврска, одговорност, работа и нема простор за омилено, помалку омилено. Треба да се фокусираме на задачите, на учењето, на просперитетот. Во секој случај, работам нешто што навистина сакам.
Дали работните обврски се поклопија со се што научи на Академијата?
Да, во целост. Дополнително работам и на data protection, кој како дел секако го надополнува Cyber искуството, работата, проектите.
Што значи да си Security Specialist?
Да си Security Specialist значи: напорна работа, вежби, учење, поинаков mindset, упорност, многу саати пред компјутер, многу размислување, работа на реални проекти, troubleshooting, многу читање, надополнување на редот сертификати од областа на Cyber Security – Qinshift Academy (поранешно СЕДЦ) нуди полагање на три сертификати по завршување на Академијата, развој на метода за “како да се заштитиме себеси и се она што виртуелно го поседуваме”
За крај, препорака до идните студенти на Академијата?
Ако веќе сте се запишале на оваа академија максимално искористете ја. Бидете активни, прашувајте, решавајте домашни, дискутирајте, работете на темата по длабоко за која академијата дава основа, а вие треба да продолжите. Таму сте за да учите, менторите се одлични и достапни и мислам дека се тоа треба да се искористи.
Резервирајте во вашето место уписите за Академијата за Сајбер Безбедност се во тек!