Во пресрет на почетокот на новите Академии за Графички и UI/UX дизајн ви ја издвојуваме успешната приказна на Тамара.
Својата експертиза ја применува на повеќе начини меѓу кои е и најактуелниот – Freelance.
Прочитајте повеќе за Тамара и нејзиниот кариерен пат до сега!
Здраво Тамара, прво кажи ни нешто повеќе за себе?
Здраво, здраво, јас сум Тамара Андреевска, графички и UI/UX дизајнер.
Во 2018 започнаа моите патешествија за промена на струката и да се направи вистинскиот избор, па како последица на тоа се најдов помеѓу ѕидовите на SEDC.
Што те привлече да започнеш кариера во Графички Дизајн?
Секогаш се замислував дека би сакала да работам нешто интересно и креативно. По еден милион истражувања и разговори со луѓе во дизајнерските води, сфатив дека тоа е тоа. Графичкиот дизајн е возбудливо, креативно, професионално поле каде што можеме да ја ставиме нашата страст за уметност во секојдневна употреба.
Преку креативни изведби се дава живост на статистичките податоци.
Зошто се одлучи да одиш во смерот на UI/UX?
Во програмата на академијата имавме и предавања за UI/UX, не беа многу опширни, но мене ми беа една одлична основа.
Проблематиката позади UI/UX-от едноставно ме заинтригира. После некое време почнав да разледувам, да учам повеќе и да правам дизајни за апликации. За брзо време имав шанса тоа да го извежбам на мојата пракса во Маркетинг агенција. Па би рекла дека тогаш се роди мојата пасија кон UI/UX дизајнот.
Како UI/UX и Графичкиот дизајн ги имплементираш во твојата работа?
Овие две сфери се толку исти, но толку различни. Решавање на потполно различни проблеми, што водат до иновативни солуции.
Eдна од најголемите разлики помеѓу графичкиот дизајн и UX дизајнот е опсегот. Графичкиот дизајн се фокусира на визуелните елементи. UI/UX дизајнот зазема поширока перспектива со фокусирање на целата интеракција помеѓу корисникот и производот.
Јас сум исполнета кога работата ми е разновидна. И уживам додека ги комбинирам истите.
Предноста што ги комбинирам, е во тоа што кога работам на одреден проект можам да го комплетирам целосно сама. Односно, додека дизајнирам одредена веб страна, сите потребни елементи, икони, банери, илустрации, слики и слично си ги изработувам сама, што воедно ми ја прави работата многу побрза.
Позади себе имаш искуство со работа во компанија, но и фриленсинг. Според тебе, кои се предностите на регуларна работа, а кои на фриленсинг работата?
Толку многу ги има и исто толку ми се измешани емоциите на ова прашање..
Регуларната работа помага да се одржи здрава рамнотежа помеѓу работата и животот. Полесно е да се градат односи, колеги, пријатели.
Со freelance-от, си сам свој газда, сам си го организираш работното време и сам одлучуваш на какви проекти и со кои клиенти ќе работиш.
Според мене секој дизајнер треба да ги искуси двете, бидејќи од двете ќе научи многу.
Што од Академијата најчесто применуваш во секојдневната работа?
Да си ја извршувам работата јасно, детално и квалитетно.
Која е твојата порака до идните студенти?
Да одат чекор, по чекор. Да не се разочаруваат од неуспеси, бидејќи успесите потоа се послатки и поголеми.
Сите сме го поминале истото и сите сеуште грешиме. Да вложат труд, да вежбаат многу и да излезат од комфор зоната..
Во оваа работа, ние учиме и се надградуваме секојдневно.
Среќно! You got this!
Доколку и вие сакате да започнете кариера во Графички Дизајнер, вашето време е сега! Резервирајте во вашето место уписите за Акаемијата за Графички Дизајн се во тек.