Здраво Сулејма, накратко кажи ни за себе?
Здраво, накратко јас сум лик којшто има многу љубов во себе кон сите уметности, и во било кое време може да ти раскаже за некоја слика или сцена што и се врти во главата. Сакам да читам и пишувам и обожавам да цртам, па најчесто ќе ме најдеш како пробувам сето тоа да го склопам во една приказна.
Донесе одлука повторно да се вратиш во студентските клупи, зошто баш Академијта за Game Design во Qinshift Academy?
Отсекогаш сум имала желба да создавам карактери и некои нови светови и средини, па можноста да го пренесам сето тоа од приказни и цртежи во 3Д ми беше наредна цел во животот. Она што ми е исклучително важно кога учам нешто ново е да имам добра комуникација и поддршка од менторите при целиот тој процес, па по разговори со блиски и познаници кои веќе имаат искуство се решив за Qinshift Academy и не зажалив во ниеден момент.
Со какви предизвици се соочи на Академијата?
Еден од предизвиците ми беше да научам што се случува позади сцената и настрана од уметноста во игрите и сето тоа да го земам во предвид при креирање на било што во 3Д. Можам го издвојам Unity како еден пример, бидејќи јас влегов во академијата со никакво познавање кога се работи за логичкиот аспект на креирање на една игра во game engine. Меѓутоа Unity многу брзо премина од дел што бев несигурна дека ќе можам да го научам во нешто што ми беше интересно да го истражувам и учам секојдневно, па тоа самото по себе придонесе до успех. Тоа, но и менторите што беа тука во секое време за моите безброј прашања.
Беше дел од тимот Mad Pancakes кој освои 3 награди на Global Game Jam, што претставува за тебе ова искуство?
Учеството на GGJ ќе го паметам по тоа што секогаш ќе ми претставува пример дека со доволно волја, труд и организираност, еден тим може да постигне одличен резултат и да се чувствува успешно и исполнето. Целиот настан ги става на тест многу од твоите способности во тие неколку дена, меѓутоа во целина е прилично забавно искуство и би препорачала на секој да учествува барем еднаш.
Како би го опишалa процесот од студент до вработен?
Процес кој што бара посветеност, но и голема мера на флексибилност и комуникација – особено со луѓето кои работат на нешто со тебе. Колку и да е големо, успехот не лежи само во знаењето. Неверојатна улога игра и тоа како ти пристапуваш кон задача или проект што треба да го изработиш, како работиш сам, и како работиш во тим.
Порака до нашите идни студенти и твои идни колеги?
Секогаш нека бидат отворени за можноста да пробаат нешто ново, дури и ако на прв поглед изгледа надвор од нивниот дофат. Нема простор за страв од грешки бидејќи тие ќе се случуваат без разлика дали веќе имаш знаење или почнуваш од нула. Важно е да си дозволат себеси да научат.
Резервирајте во вашето место уписите за Акаемијата за Гејм Дизајн се во тек.