fbpx
uspeshna prikazna - borche borisovski - programiranje

Запознајте го Борче Борисовски, алумни студент од академијата за програмирање кој е дел од тимот на Сивус како Front-end developer и воедно го споделува стекнатото знаење и искуство со новите групи во улога на ментор. Прочитајте го целосното интервју!

Пред да се запишам на академијата работев во производство и се одлучив на направам промена во кариера, СЕДЦ ми беше најдобра опција и се одлучив таму да студирам.

Моментално работам како front-end девелопер во Сивус и истовремено сум тренер на Web-Development академијата во СЕДЦ.

Академијата ме подготви за голем дел од предизвиците со кои се сретнав откако влегов во ИТ индустријата. Ме научи како функционира работата во тим и како најдобро да се решат проблемите со кои се сooчувам во моето секојдневие како професионалец

Омилен јазик за девелопмент е секако Javascript, бидејќи е најфлексибилен јазик и воедно најкористен во светот. Тоа значи дека бројот на проблеми кои можат да се решаваат во него е огромен.

Една од најдобрите работи што ги научив како студент е да работам на мали поединечни  проекти додека трае академијата, затоа што така се гради искуство што е најблиску до тоа што го има во индустријата. Ова денес им го кажувам на сите студенти, затоа што мислам дека е бесценето како искуство во нивните кариери.

Академијата е интензивна и има многу информации, дадете се што можете, на моменти можеби ќе биде премногу, но верувајте му на процесот и секогаш споредувајте го вашето знаење со тоа што сте го имале на почетокот.

Сеуште се двоумиш за кариера како програмер? Академијата за програмирање ќе те подготви во целост за твојата нова кариера!

Scroll to Top