Разговараме со Иван Коминовски, студент на академијата за графички дизајн кој ја започнува својата кариера како motion graphic designer во Reto-links. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за Иван!
Кој е Иван Коминовски?
Здравo, јас се викам Иван, имам 24 години и сум од Битола. Студирав на факултетот за ликовни умтености – Скопје, смер скулптура и модул графички дизајн.
Што те мотивираше да се запишеш на академијата за графички дизајн?
Љубовта кон уметноста и дигиталниот свет, сакав да ја надградам со нови знаења
Која насока од графички дизајн би сакал да ја изучуваш повеќе и каде кариерно ќе се усмериш?
Повеќе би сакал да изучувам motion design, затоа што креативно се пронаоѓам во тоа и кариерно би се усмерил во тој правец.
Каков е твојот раст од започнувањето на академијата до сега, како графички дизајнер?
Пред запишувањето имав само искуство со илустрација, меѓутоа со текот на обуката процесот на дизајнираање стана побрз и посигурен.
Раскажи ни за реалните проекти на кои работевте
Прв реален проект беше дизајн на лого за клиент, а потоа создавање на бренд индентитет. Работев како тимски лидер, имавме многу работа. Научивме колку е важна организираноста, работењето во тим, а и како ефикасно да го користиме даденото време за проектот.
Како креативен процес на комуникација, што повеќе преферираш: фотографија или илустрација?
Јас преферирам илустрација, затоа што имам најмногу искуство со тоа и добивам повеќе инспирација од стрип и анимација.
Каков совет би им дал на почетниците кои сакаат да го унапредат своето знаење?
Би препорачал да ги совладаат принципите и елементите на дизајн и уметноста, поради тоа што низ текот на годините софтверите и алатите што ги користиме се менуваат, ама основите секогаш остануваат исти и се присутни во сите насоки на дизајн.
Дел од портфолиото на Иван
Уписите за aкадемијата за графички дизајн се во тек, резервирај го своето место и креирај уште една успешна приказна !