fbpx
uspeshna prikazna - igor jankuloski - cyber security

– Мотивацијата да се запишам во Qinshift Academy беше да го надградам моето знаење за сајбер безбедност, поточно за CEH сертификатот. Сакав да видам како е да се биде од другата страна на Firewall-от бидејќи моето деосегашно искуство секогаш било дефанзивно.

Академијата и испитот беа многу интересни, беше фасцинантно да се види кои се алатки и начини се користат за тестирње и пенетрација на разни системи.

– Бидеќи мојата професија е од делот на техничко обезбедување, секојдневно барем малку добивам шанса да осознаам нешто ново во сајбер безбедноста и да применам некоја од техниките научени на академијата, такашто ги зацврснувам своите знаења во истата.

– Овој тип на професија е од многу голема важност и таа со текот на времето ќе биде се поголема. Како што се развива технологијата и имплементацијата на IoT системите во секојдневието, сигурноста ќе стане императив.

– Како што напоменав, ја имам таа среќа да работам во областа на техничката безбедност и добивам барем еднаш во денот шанса да ги применам своите вештини и воедно да ги подобрам.

– На сите оние кои размислуваат да се запишат на оваа академија, многу топло би им ја препорачал. Доколку сакаат нивната идна порфесија да биде во делот на сајбер безбедноста и да бидат спремни за за тешки, но воедно интересни предизвици.

🗯️”Сајбер безбедноста е уметност, не e само знаење”- додаде Игор.

Академијата за сајбер безбедност ја применува  теоријата во пракса преку проекти и виртуелни вежби!

Ќе се стекнеш со  потребното знаење и меѓународно признат сертификат за успешно да ја започнеш твојата кариера![/et_pb_text]

Scroll to Top