fbpx
Stefanija-Andreoli-WEB

Која е Стефанија Андреоли ?

Стефанија е личност која на 30 години сфати дека вложувањето во себе и потхранувањето на амбициите може да вроди само со плод и, за еден ден, покрај сите животни улоги и титули да се здобие и со титула алумни студент од академијата за Веб Дизајн & Фронт-енд,
академија која ќе и отвори еден нов пат на многи можности и многу нови познанства.

Од каде желбата за веб-дизајн & фронт-енд програмирање?

Желбата се роди во истиот момент кога имав прилика да видам како играњето со една линија код може да направи дигитално чудо.Од таму тргна моето патешествие. Почнав да го истражувам тој свет и така, сосем неочекувано, растеше потребата за знаење и умеење.
Знаев дека ќе ми биде потребна помош да ги совладам предизвиците па затоа решив да се запишам на aкадемија.

Зошто Qinshift Academy?

Првата причина која ме натера да ги отворам програмите беше реномето на Qinshift Аcademy. Со години запознавам успешни луѓе кои се или некогаш биле дел од истата. Втората причина е фактот што Qinshift беше единствената академија која нудеше спој на веб дизајн и фронт енд девелопмент и опфаќаше модули кои го покриваат секој важен аспект на процесот на еден веб девелопмент.
Како пресудни дојдоа работата со реален клиент и портфолиото како финален проект.

Оваа академија опфаќа 2 области, дизајн и девелопмент? Во која се пронајдовте повеќе?

На почетокот бев наклонета повеќе кон кодот, но како течеа модулите сфатив колку е важно да се има добар дизајн па така научив да уживам во процесот на креација, што на некој начин и ми делуваше доста стимулативно.

Каде се вработивте и на која позиција?

Моментално сум вработена како WordPress developer во Kral Group – шведска фирма која има повеќе бизниси од автомобилската индустрија. Истовремено сум задолжена за нивниот SEO и дигитален маркетинг. Исто така работам и на фриленс проекти како дизајнер и девелопер , а посебно ми е драго што остварив и контакт кој ми даде можност да бидам дел од голем проект само за да научам повеќе и да го следам развојот одблизу.

Кои модули беа најважни за твојот професионален раст?

Буквално сите модули се како дел од една голема сложувалка. Што и да фали нема да е комплетно. Кај мене секој еден модул си најде своја примена.

Порака до идните студенти

Ќе има моменти кога целта ќе ви изгледа недостижна, ќе наидете на проблем што ќе ве натера да се посомневате во своите одлуки, но, сето тоа е неизбежен дел од процесот на калење на девелоперот. Бидете истрајни затоа што нема поголема сатисфакција од моментот кога гледте како вашата креација или умешност е нечија алатка или нечиј личен печат.

Scroll to Top