Ви го претставуваме Петар Силјаноски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и ИТ операции кој својата кариера ја продолжува како мрежен инженер во Virtual1 Services. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за искуството на Петар!
Кој беше Петар пред почетокот на кариерaта ?
Пред почетокот на мојата кариера бев студент на факултетот за безбедност, на универзитетот Св. „Климент Охридски“ – Битола, а воедно и ентузијаст за компјутерски мрежи и ИТ операции, особено за провајдерски мрежи (ISP networks).
Раскажи ни повеќе за твоето патување, од продажен агент во Anhoch, подршка на корисници во HiTech до мрежен инжењер во Virtual1 Services?
Во 2019-та година се вработив на позиција подршка на корисници во HiTech Corp, каде работев неколку месеци, а брзо потоа се запишав на универзитетските студии на Св. „Климент Охридски“ – Битола. Потоа, продолжив со работа во продажните салони на Анхоч, и конечно се запишав во СЕДЦ, академска година 2022/23, на академијата Computer Networks and ITOps. Во текот на траењето на студиите на СЕДЦ, аплицирав за позицијата мрежен инжењер во Virtual1 Services, каде ја започнав својата кариера.
Како се снаоѓаш во новата работна средина и за што те подготви едукативниот процес на академијата?
Во новата работна средина се снаоѓам добро и можам да кажам дека едукативниот процес на академијата ми даде големa база на основно знаење, врз основа на кое можам понатаму да ја градам кариерата и да го зголемувам своето ниво. Исто така ме подготви за соочување со новите предизвици и полесно адаптирање на нова работна средина.
Како би го опишал едукативниот процес на академијата за мрежи во 5 зборови
Интересно, прецизно, екстензивно, специјализирано, прогресивно
Визии и желби за твојата нова кариера
Моменталната желба за мојата кариера е се повеќе да го продлабочувам моето знаење за провајдерски мрежи и сите технологии кои се вклучени во тоа, а во иднина се гледам како себе си како Network Security Engineer.
Порака до идните студенти
Мојата порака до идните студенти е да не бидат несигурни, а доколку размислуваат за запишување на некоја од академиите во СЕДЦ, да го направат тоа, затоа што моето искуство е многу позитивно и на секого би го препорачал. Тренерите во СЕДЦ се прекрасни, од дружење до предавање, има голема количина на опрема која им стои на располагање на студентите,а воедно и можности за first hand практично учење и проширување на знаењета. Секако додека постои желба и вложување на труд од страна на студентите, успехот нема да изостане.
Уписите на академијата за компјутерски мрежи и ИТ операции се во тек, започнуваме во октомври!