Која беше Јаглика пред академијата за дигитален маркетинг на Qinshift Academy?
Јас сум дипломиран стоматолог по професија и имам 10годишно работно искуство во таа област. Одбрав кариерен shift поради тоа што сакам да ја истакнам својата креативност преку маркетинг вештини и алатки, како и да се поврзам со професионалци во оваа индустрија кои можат да ми помогнат кон усовршување на знаењето.
Зошто академијата за дигитален маркетинг?
Бидејќи дигиталниот маркетинг дава можност за комбинирање на креативноста со стратешкото размислување. Оваа академија ми помогна да ги надминам своите сомнежи и успеав да се истакнам во програмата за дигитален маркетинг. Со изучување на модулите на ЅЕО, social media, google ads, e-mail marketing, креирање на web I landing page, PR, content writing теоретското знаење го применувавме во работење на реални проекти и вежби. Низ целиот процес со нас беа менторите. Тие несебично го споделуваа своето знаење, со многу внимание, разбирање и трпение. Менторите на академијата за дигитален маркетинг имаат многугодишно работно искуство и имаат значајна улога во нашата едукација.
Сега си дел од тимот на Qinshift Academy, со кои предизвици се соочуваш shift-нувајќи во сосема ново поле?
Како нов член на маркетинг тимот во Qinshift Academy, shift-увам помеѓу различни обврски и брзо се адаптирам на новите предизвици. Работата во тимот се состои од изработка на контент за маркетинг кампањи, планирање и спроведување на кампањи на социјални медиуми, учество во организација и имплементација на настани, анализа и следење на пазарот и конкуренција. Дополнително, тесно соработувам со продажниот тим како linkedin lead generation и во трансформирање на лидовите во потенцијални студенти. Оваа динамична комбинација на маркетинг и продажба постојано ме предизвикува да ги надградувам вештините и да го давам својот максимум.
Активности кои за забавни за Lead Gen specialist
За Lead Gen специјалист, забавните активности често вклучуваат креативно истражување и експериментирање со нови стратегии. На пример: A/B тестирање на различни типови содржина, реклами или повици за акција и анализирање на резултатите, користење нови алатки, оптимизирање landing pages, како и смислување креативни кампањи, го прават процесот возбудлив, предизвикувачки и забавен.
Дали си среќна со промената која ја направи?
Дефинитивно! Се чувствувам како да сум направила вистински чекор напред. Промената ми донесе нова енергија, можности за учење и инспирација што секојдневно ме мотивира да давам сè од себе.
Порака до идните студенти
Не плашете се од промени!
Предизвикајте се себе, само така ќе се отворат многу врати кон неочекувани можности. Преземете го ризикот, учете од грешките и секогаш бидете љубопитни. Промената започнува од вас.