fbpx
uspeshna prikazna - irina titieva - game design

Здраво, јас сум Ирина Титиева, по професија магистер по сликарство при факултетот за ликовни уметности Кирил и Методи- Скопје. Со уметност се бавам од кога паметам за себе, додека последниве 15 години, сум посветена на дигиталната уметност како графички дизајнер.

Како личност постојано истражувам нови идејни решенија и концепти како во класичната, така и во дигиталната уметноста. Водена од длабоко всадената желба за совладување нови медиуми за работа, како и љубовта кон видео игрите, патот ме водеше да започнам да го истражувам 3Д дигиталниот свет. Можноста за влез во тој свет, каде 2Д уметноста се претопува во 3Д уметност, ми ја овозможи Академијата за гејм дизајн на СЕДЦ.

Програмите за изработка на видео игри кои се изучуваат тука, ја нудат баш таа можност. Нов дигитален медиум за истражување и надоградување. Се отвара цел еден нов свет за истражување. Свет кој дозволува вметнување нови идеи и концепти за видео игри и се разбира не постои ограничување на фантазијата. Идеите се развиваат и шират, а кога ќе започнеш технички да ги изведуваш, во поглед на програмите Maya и Unity, нема крај на креативното дизајнирање.

Гејм дизајнер е професија каде идејата е збир од техничката изведба и концепт, доведени до совршенство. За да бидеш успешен во оваа професија, потребен е збир од следниве состојки: желба за учење и доусовршување, истрајност во изнаоѓање оригинални решенија и решавање на технички проблеми.

Една од најголемите предности на оваа професија е тимската работа. Ова е индустрија во која успеваш заедно со својот тим. Тогаш се случува брејнсторминг, сите идеи се ставаат на маса, нивно елаборирање и сплотување во една водечка идеја.

Токму тоа и го нуди Академијата за гејм дизајн на СЕДЦ. Работиш на сопствени и заеднички проекти. Учиш game mechanics , како да создадеш видео игра,т.е комплетен процес од идеја, скица, моделирање, анимација, реализација.

Еден од позначајните проекти на кои работев на академијата е заедничкиот проект со тимот на гејм дизајн, каде ја освоив наградата за 2Д артист, при Global Game Jam Macedonia 2023. Наградата беше доделена за изработка и изведба на storyboard за видео играта Тhe Land of Dust.

На идните гејм дизајнери би им препорачала, да бидат истрајни и упорни во своите цели, гејм индустријата е обемна индустрија која нуди можности за сите. Само со желба за работа се стигнува до целта.


Види ја програмата

Scroll to Top