Здраво, јас сум Христијан, имам 24 години и неодамна дипломирав на Академијата за дигитален маркетинг во Киншифт Академи. За мене можам да кажам дека сум многу амбициозна и позитивна личност, како и личност што секојдневно учи и напредува.
Што те мотивираше да започнеш кариера во дигитален маркетинг?
Од секогаш ми беше желба да работам “remote job” и нешто поврзано со социјални медиуми. Самиот работев на својот бизнис (креирање контент, менаџирање на социјални мрежи..), но, сакав да се упрапредам на тоа поле. За моја среќа, ми излезе реклама од Киншифт и ме заинтересира да се запозаам повеќе со академијата. По истражувањето, сфатив дека академијата за дигитален маркетинг е тоа што го барав јас. По изучувањето на академијата, ги усовршив вештините на дигитален маркетинг, и како резултат на тоа денеска работам со 3 клиенти – како и на своите бизниси.
Кој дел од програмата на Академијата за дигитален маркетинг ти беше најкорисен?
Највеќе ме интересираше делот со креирање на содржини за социјални медиуми и платените реклами на истите, бидејќи тоа почнав да работам пред започнување со академијата, тие две програми највеќе ми помогнаа за растење на своите бизниси, и со тоа работам за сегашните клиенти.
Какви вештини стекна по академијата што најмногу ги користиш во сегашната работа?
Моментално највеќе го користам делот со платени реклами и креирање текстови/содржини. Менторите како Теа Дуза и Игор ми помогнаа за полесно разбирање, совладување на материјалот, како и нивни совети од лично и практично искуство.
Што најмногу те привлече кај методологијата на Qinshift Academy?
Најпривлечно ми беше што Киншифт академијата има ментори со практично искуство и го работат тоа што го предаваат со години и голем број од нив се многу успешни во своите полиња.
Како изгледаше твоето прво работно искуство по завршувањето на академијата?
Првото работно искуство ми беше за себе, како што кажав претходно, со маркетинг почнав да работам на своите бизниси и да ги употребувам знаењата што ги стекнав на академијата и што ми беа пренесени од меторите. Почнав со креирање содржини/графички решенија за истите, како и платени реклами каде што видов огромен напредок. По неколку месеци, го најдов својот прв клиент, што беше преголем успех за мене за толку кратко време. Од еден клиент, за многу брзо станаа тројца, и се надевам дека бројката ќе продолжи да расте, и ќе можам да си ја исполнам желбата да имам своја маркетинг агенција.
Порака до идните студенти
Ако се размислувате дали да ја запишете академијата за дигитален маркетинг мојот одговор е – дефинтивно Да!
Светот на дигиталниот маркетинг ви нуди повеќе можности отколку што самите можете да замислите – дали сакате да работите за себе и да си го унапредите вашиот бизнис, или во некоја фирма – опциите ви се безбројни. Најбитно нешто е вашата дисциплина и желба да успеете, со овие две комбинации можете да постигнете сѐ што ке посакате. Но не заборавајте, никогаш не е доволно, секогаш стремете се за да се усовршувате и надоградувате.
Ви посакувам многу среќа и успех во вашата кариера, и се гледаме во светот на дигиталниот маркетинг!