fbpx

Од каде желбата за дигитален маркетинг?

Желбата за дигитален маркетиг кај мене произлезе од неколку комплементарни фактори, најпрвин сам по себе дигиталниот маркетинг преставуваше доволно голем и интересен предизвик за мене , како еден релативно нов начин на претставување и пренесување на пораките до целната публика, вториот фактор што би го споменал се личните карактеристики. Тие влијаеа на мојата одлуката од правната професија да започнам нов кариерен пат кон дигиталниот маркетинг  и да посветам повеќе време на креативниот скил сет кој што сакав да го развиам на едно повисоко ниво.

Дали академијата ти помогна при твојата кариера трансформација и како?

Академијата беше едно позитивно искуство за мене , со својата добро смислена и квалитетна програма/ментори , ми овозможи да се стекнам со знаења за основата на дигиталниот маркетинг, да се соочам со практични примери кои бараа брзи и ефикасни решенија . За краток временски период ме подготвија со теоретски и практични знаења кои беа неопходни за мојата успешна кариерна трансформација.

Искуство од академијата во твојата нова работна позиција (дали нешто што го научи го користиш секојдневно итн,итн.)

Непосредно по завршувањето на Академијата , започнав со работа на мојата нова позиција како Product Marketing specialist .Искуството од академијата во овој поглед ми помогна да можам да се прилагодам на динамиката на работењето на фирмата и справувањето со работните обврски . Бидејќи времето на адаптирање кон нова работа секогаш не трае долго , сметам дека тоа што Академијата го нуди како основа е од огромна вредност во справувањето со овие предизвици .

Секојдневие на еден Product Marketing specialist e…

Моето секојдневие е доста динамично , како  Product Marketing specialist сум посветен на креаирањето на содржина , стратегии , различни пристапи наменета конкретно за еден продукт, што накратко значи дека сите аспекти од дигиталниот маркетинг, како SEO, Paid Ads campaigns, blog posts, Landing Pages, Email Marketing се дел од моите секојдни активности. Принципите на дигиталниот маркетинг во основа се ист, само преспективата на нивната примена е малку поразлична бидејќи целиот концепт кој што се креира треба да биде прицизен , креативен , соодветен за конкретниот продукт . Оваа содржина како краен резултат ќе послужи како додатна вредност за публиката .

Порака до идните студенти

Она што би го истакнал како најважно е дека оваа QinShift Академија заедно со своите ментори , овозможуваат едно пријатно , напорно и огромно искуство и знаење за своите студенти . Како порака која би ја упатил до идните студенти е доколку сте заинтересирани за својот напредок во сферата на дигиталниот маркетинг, преку оваа Академија можете да се стекнете со потребните знаења, искуства и контакти кои ќе придонесат кон надоградување на вашите постоечки знаења ,па дури и во целосната кариерна трансформација. Но за целосен успех потребна е ваша целосна посветеност и работа .

Scroll to Top