fbpx
uspeshna prikazna - rozeta stojanova - game design

Ви ја претставуваме Розета Стојанова, уште еден алумни студент од Академијата за Game production & design која својата кариера ја продолжува во Vertigo Visual. Дознајте повеќе за неа и нејзиното искуство со Академијата и патот кон остварување на нејзината цел.

Здраво, јас сум Розета Стојанова од Штип, имам 26 години и моментлано работам во Vertigo Visual во Скопје.

Видео игрите се голем дел од мојот живот уште од детството, и колку повеќе играв толку повеќе сакав да знам за нив, како функционираат, како се прават и кои се луѓето кои стоат позади моите омилени игри. Па кога пораснав одлучив да им се придружам на моите идоли во правењето на видео игри.

Изборот за оваа академија беше лесен, бидејќи СЕДЦ е единствената академија која овозможува неверојатна средина за учење. Тоа е место каде било кој може да ја ослободи својата креативна страна со цел да стане одличен Game Developer. Притоа предавањата не се тешки за разбирање или учење.

Да се биде дел од оваа индустрија е навистина неверојатно. Постојано сум опкружена со неверојатно креативни и пријателски настроени луѓе со кои формирав пријателства кои знам дека ќе траат долго.

Како што ми кажа еден пријател пред да се пријавам на оваа академија: Никогаш не е касно да научиш нешто ново и да си го промениш животот.

Доколку и вие сакате да започнете кариера во 3D Game Design, вашето време е сега!
Резервирајте во вашето место уписите за Академијата Game production & design се во тек.

Scroll to Top