fbpx
uspeshna prikazna - risto bozhinov - software testing

Ви го претставуваме Ристе Божинов, алумни студент од академијата за тестирање софтвер, кој работи како QA Automation Engineer во Proton Privacy By Default . Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и што за него претставува да се биде дел од менторски тим на академијата за тестирање софтвер!

За себе би кажал дека сум упорен во нештата, и кога ќе си поставам цел планирам истата да ја исполнам. Во слободно време сакам да го исражувам пазарот и да ги проучувам новитетите во технолошкиот свет, да изиграм некоја партија фудбал со другарите, или да излеземе на пијалок. Секогаш знам да одвојам време да изгледам некој курс од кој би можел да научам нови работи, или да прочитам некоја книга. На професионално поле работев 7 години како агент за грижа за корисници но стигнав до посакуваната позиција како QA Automation Engineer во Proton.

Додека истражував на кое поле би можел да се развивам и да напредувам, софтвер тестингот излезе како најоптималната можност во која бев сигурен дека ќе успеам и дека работата нема да ја гледам чисто како работа која мора да ја завршам, туку како работа која ќе ја сакам. Како функционира технологијата и секако квалитетот на испорака на продуктите се работите кои секогаш ме интригирале, па така и дојдов до одлуката за софтвер тестинг. Можам да кажам дека со самата љубопитност за тоа, и животната љубов кон технологијата ме доведоа до овој степен во животот, а според многу критеруми, по долго истражување на пазарот и консултација со доста пријатели кои посетиле ваков тип на академии, СЕДЦ излезе најдобриот избор. Секако тоа можам да го потврдам во секој момент со разни аргументи, но и со мојот моментален професионален напредок.

Во било кој поглед кога размислував за запишување на академија за свое дообразување и професионален напредок, предизвик беше да можам да се организирам временски со мојата работата и секојдневните обврски. Како и при студиите, по дискусии со колегите, секогаш најголем предизвик беше добрата организација. Секако со доволно посветеност се постигнуваше се, но во било кој поглед, одредени работи би требало да се жртвуваат да се стигне до целта, а најголемата жртва e слободното време. На крајот на денот, како софтвер тестери мора да сме организирани ☺

Пред самото завршување на академијата, почнав со апликации во потрага по нова позиција како софтвер тестер. Знаев дека тоа што сакам да го работам е автоматското тестирање, па потрагата кон позицијата беше подолга од очекувано, но на крајот вредеше целосно вложениот труд. Во моментов работам како QA Automation Engineer во Proton Privacy By Default. Дополнително, се вработив и во СЕДЦ како асистент при академијата за софтвер тестери и имав можност да им помогнам на голем број на студенти со потешкотиите кои се справуваа во текот на нивните студии.

Да бидам реален, никогаш во животот не сум очекувал дека ќе стигнам до овој степен, да можам да ширам знање за нешто кое сакам да го работам и го работам со љубов. Со моето искуство како агент за грижа на корисници, знаев дека позицијата како асистент би била соодветна, и помошта која им ја пружив на студентите беше со цел да го совладаат подобро матерјалот и да си ги разјаснат работите кои не биле доволно јасни, или можеби покомплицирани. Транзицијата од асистент во ментор е уште поголем чекор на кој се радувам и го чекам. Тоа што јас го совладав и во кое вложив доста труд за да го работам со љубов, ќе ми претставува огромно задоволство да можам да го споделам со други студенти кои би се одлучиле на тој чекор и се спремни да направат промени во својот живот на професионално поле. Секако тука морам да го спомнам целиот тим на СЕДЦ, без кој академијата не би можела да стигне до ова ниво, благодарение на тимската работа и организација.

Како тестери секогаш треба да сте љубопитни и да прашувате за тоа како функционираат нештата, но тоа значи дека доколку не ви е нешто јасно, прашајте без да се срамите. Знам дека на самиот старт може да ви изгледа доста комплицирано, ново е, има голем број на студенти кои тотално ја менуваат својата кариера, но доколку вложите доволно труд, со сигурност ќе стигнете до посакуваната позиција. ИТ индустријата е интересен и нов свет за голем дел од новите студенти, а тестерите се тие кои овозможуваат да се испорача стабилен и квалитетен продукт на пазарот.

Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за Тестирање софтвер!

Уписите се во тек, следната група започнува во мај!

Scroll to Top