fbpx

Дигиталната и технолошка експанзија им нуди на компаниите пристап до поголем пазар, но истовремено промовира и поголема конкурентност. За да добијат дел од пазарот, брендовите се приморани да инкорпорираат креативни и иновативни решенија. Затоа следењето на трендови во сопствената индустрија е круцијално. Qinshift Academy се гордее со својата современа програма и со менторите кои ја спроведуваат истата со студентите. Оваа година, студентите на академијата за Graphic Design, ги покажаа своите вештини и способност за тимска работа, во изработката на логоа за Пондера – центар за психотерапија и советување, Друштво за архитектура и градежништво Димензија, Камп – градинка на отворено, Здружение на граѓани Quo Vadis Ad Astra и Simple Mobile Solutions.
Проектот се работи тимски и секој тим има Team Lead:

  • Се контактираат компаниите и се брифираат.
  • Врз основа на брифот, студентите започнуваат со изработка на проектот.
  • Проектот се презентира пред клиентот.

Ментор на Графички дизајн:
Дамјан Клинчаревски

Процес на работа:

  • Секој студент од тимот изработува по неколку логоа.
  • Се започнува од скица на хартија, па до реализирање во соодветна апликација.
  • Менторите избираат по едно лого од секој студент.
  • Пред клиентот се презентираат три логоа и тој го избира финалното лого.
  • Доколку има забелешки, истите се имплементираат во логото.
  • Потоа следува изработка на комплетен брендинг за компанијата.
  • Се изработува и корпоративен постер.

На барање на клиентот, може да се изработи и флаер, брошура или каталог.
Проектот започна со презентација каде клиентите разговараа за нивната визија, цели и очекувања. Студентите од академијата за графички дизајн се фокусираа на создавање визуелно привлечни елементи, кои го одразуваат идентитетот на брендот.

Еден од клиентите за кој се изработија неколку логоа е Pondera, а тим лид на групата беше Оливера Бојковска.
На прашањето кои се нивните импресии од проектот, таа ни го одговори следното:
„Можноста за соработка со реален клиент придонесе покрај креативните и технички вештини, да ги надоградам и своите комуникациски способности. Истите сметам дека се од круцијална важност за секој дизајнер, со цел – задоволен клиент, успех во целокупниот креативен процес и на самиот тим.
Довербата и безрезервната поддршка од менторите беше од голема важност во целата соработка. Секоја консултација вроди нови гледишта и ми помогна желбите од клиентот успешно да ги преточам во визуелни решенија. Со насоките кои ги добив успеав да ја согледам вредноста на конструктивната критика.
Дополнително научив како ефективно да комуницирам со клиенти, да ги исполнам нивните очекувања и желби.
Сето тоа беше од големо значење за градење на мојата самодоверба за професионална комуникација во понатамошни соработки. “

Проектите како овој, не само што ги подготвуваат студентите за предизвиците на индустријата, туку и поттикнуваат култура на тимска работа и иновации. Реалниот проект на студентите на Qinshift Academy е светол пример, за тоа како неформалното образование нуди огромни можности за напредок.

Уписите на академијата за графички дизајн се во тек. Резервирај го своето место денес.
Scroll to Top