fbpx

Дигиталната и технолошка експанзија им нуди на компаниите пристап до поголем пазар, но истовремено промовира и поголема конкурентност. За да добијат дел од пазарот, брендовите се приморани да инкорпорираат креативни и иновативни решенија. Затоа следењето на трендови во сопствената индустрија е круцијално. Qinshift Academy се гордее со својата современа програма и со менторите кои ја спроведуваат истата со студентите. Оваа година, студентите на академиите за Web Design & Front-end и UI/UX Design, ги покажаа своите вештини и способност за тимска работа.

Работата на реален проект не е само академска задача, туку реален предизвик за реални клиенти кои имаат потреба од нови и подобрени решенија за своите бизниси. Овој проект ги истакнува вештините на студентите, креативноста на UI/UX дизајнерите и техничкото знаење на веб дизајнерите. Целта на овој пристап, е да се обезбеди практично искуство за студентите, и да се понуди помош на локалните бизнизи во градењето на своето онлајн присуство.

Студентите имаа задача да креираат веб страни за 5 клиенти со различни потреби, барања и целна публика.

  1. Н&Н инженеринг
  2. M Планет Џифони
  3. Цвеќара Јасмин
  4. Адвокатска канцеларија Катерина Котеска Стисниовска
  5. Основно училиште Димитар Миладинов

Проектот започна со презентација каде клиентите разговараа за нивната визија, цели и очекувања. Студентите по UI/UX Design се фокусираа на создавање визуелно привлечни елементи, кои го одразуваат идентитетот на брендот, додека студентите по Web Design & Front-end се справија со техничките предизвици при создавање на веб сајт.

 

Резултатот беше изработка на страници кои не само што ги исполнија, туку и ги надминаа очекувањата на клиентите. Секој вебсајт беше доказ за тимската работа на студентите, комбинирајќи ја естетската привлечност со функционалниот дизајн.

Овој проект, не само што служи како важно портфолио, туку и како доказ за посветеноста на академијата да обезбеди искуство од реалниот свет на своите студенти.

Giffoni Festival mk
Н&Н Инженеринг
ООУ Димитар Миладинов
Цвеќарница Јасмин
Адвокат Катерина Котеска Стисниовска

Проектите како овој, не само што ги подготвуваат студентите за предизвиците на индустријата, туку и поттикнуваат култура на тимска работа и иновации. Реалниот проект на студентите на Qinshift Academy е пример, за тоа како неформалното образование нуди огромни можности за напредок.

Scroll to Top