fbpx
uspeshna prikazna - paraskeva doncheva - software testing

Запознајте ја Параскева Дончева- алумни студент од академијата за тестирање софтвер која ја започна својата кариера  како QA Engineer во RLDatix и се приклучи кон менторскиот тим на академијата! Прочитајте го целосното интервју!

Здраво, јас сум Параскева Дончева и на мое големо задоволство од неодамна вработена како QA Engineer. Околу петнаесетина години работев како професор по англиски јазик но по природа сум човек кој сака предизвици, учење на нови нешта, особено во сферата на технологијата и ете таа проактивност ме донесе тука каде што сум сега. По темперамент сум прилично енергична и неуморна. Сакам да се дружам и така ги полнам батериите.

Употребата на софтвери за административно извршување на работните обврски беше составен дел од моето секојдневие како професор. Со текот на времето забележав дека изнаоѓањето грешки во функционирањето на истите, како и желбата да предложам како нештата би функционирале подобро со нивна измена, доведе до тоа да посакам да бидам дел од тим чија што задача ќе биде изнаоѓање софтверски решенија со квалитет кој би ги задоволувал барањата на корисниците. За СЕДЦ имав чуено само убави зборови и без двоумење знаев дека следниот чекор ќе биде запишување на академија за софтвер тестинг токму таму.

СЕДЦ има клучна улога во промената на мојата досегашна кариера. Таму се стекнав со знаења кои беа повеќе од доволни за почеток на работа во софтвер тестинг сферата, а постојаната поддршка и мотивација која што ја добивав од предавачите и асистентите на академијата беа дополнителен поттик за упорност и желба за успех.

Се вработив на позицијата QA Engineer во RLDatix и чест ми е што моите почетоци и професионален раст се токму во компанија како што е таа.

Да бидам искрена кога ми беше дадена понудата да се приклучам на тимот на СЕДЦ како асистент на една од групите на академијата за мануелно тестирање бев пресреќна. Оваа позиција е на еден начин спој на мојата претходна професија – професор и моменталнава софтвер инженер, бидејќи повторно сум дел од нечие образование, а тоа е нешто кое со години сум го правела.

Секој оној кој има доволно посветеност, дисциплина, упорност и ентузијазам, ќе успее во се што ќе замисли и посака. Нека не ви биде пречка комфорт зоната која навидум ви се чини како позитивна страна на она што сега го правите, а всушност е една голема кочница за нови предизвици. Доколку сте човек кој има око за забележување детали, желба за учење на нови работи и технологијата ви е пасија, тогаш Академијата за софтвер тестинг е вистинскиот почеток за вас.

Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за тестирање софтвер!

Уписите се во тек, следната група започнува во мај!

Scroll to Top