fbpx

Од идеја до продукт

Агилни алатки и техники за успешен раст

 

На шести февруари, четврток, во 18:00 часот се собираме во Base42 за да си поприкажеме за најактуелните методологии и една од топ 5те најбарани работни позиции во светот. Ќе збориме за Агилни и Скрам методологии како и за продукт менаџмент. Ќе споделиме искуства, знаења и демо за тоа со што сѐ се справува еден продукт менаџер во текот на денот. 

Доколку си ентузијастичен за продукти, работиш како менаџер, девелопер или имаш претприемачки дух и идеја за многу јака апликација, на овој настан ќе ти се отворат нови видици кои ќе те поведат на патот кон успехот – многу повеќе од ладен туш во 4 наутро! 

Нешта кои те поттикнуваме да ги прашаш на настанот:

  • кој е најдобриот начин да се влезе и успее во професијата?
  • како изгледа еден работен ден?
  • дали се наоѓа работа и колку е платена?
  • дали ова конечно ќе ме направи да се осеќам среќно?
Scroll to Top