Разговараме со Живе Апостоловски, студент на академијата за дигитален маркетинг кој преку Challenge Day на академијата за дигитален маркетинг во моментов е дел од нашиот тим.
Дознајте повеќе за негово кариерно патување!
Како од Challenge Day до успешна кариера во СЕДЦ?
Од учество на Challenge Day до целосна стипендија за академијата за дигитален маркетинг до кариера како дигитален маркетер во СЕДЦ. Вака најкратко можам да го опишам мојот пат до она што сум денес. Желбата за дигитален маркетинг ја имав од поодамна, па сметав дека решавањето на предизвикот е одлична шанса да го тестирам своето знаење и да ја изразам мојата креативна мисла за определена тема. Би рекол дека со самата апликација започна се, од решавање на предизвикот кој беше навистина забавен, до учество на академијата и знаењето со кое се стекнувате, се до можноста за пракса и успешно вработување во СЕДЦ!
Како изгледа еден работен ден на дигитален маркетер во СЕДЦ?
Во моментов сум дел од маркетинг тимот, денови исполнети со работа која што ме исполнува, луѓе кои сакаат да започнат нешто ново или пак се веќе дел од ова големо семејство и сакаат да напредуваат уште повеќе. Она што се изучуваше во рамки на академијата, го применувам во своето секојдневно работење и сметам дека е одлична подлога да започнете со кариерата што ја посакувате. Работам на одржување на социјалните медиуми, креирање на контент и платени реклами, како и учество на настани поврзани со едукативниот центар. Вклученоста во бројни активности и нудење на креативни решенија се секојдневен предизвик во работењето, а од тука произлегува можноста за раст и остварување на сопствените цели кои се поистоветуваат со целите на компанијата.
Што е Challenge Day и какви се предизвиците?
Настан во SEDC каде се наградуваат најталентираните и најкреативните учесници. Во мојот случај, академијата за дигитален маркетинг, добивме задача за даден продукт и баравме најдобро решение за рекламирање и стратегија околу задачата. За оние кои се двоумат околу ова, навистина не е потребно предзнаење, потребна е доволно голема желба да успеете и креативност!
Што би им препорачал на учесниците?
Најпрвин би им посакал многу среќа и успех на сите кои се одлучиле да го посетат овогодинешниот Challenge Day. Изразете ја вашата креативност и дадете го својот максимум во полето каде сметате дека сакате да ја започнете својата кариера и не заборавајте зошто сте се пријавиле, бидејќи Challenge Day e уникатна можност која ја нуди сега веќе мојот, а можеби и вашиот едукативен центар
Креирај ја и ти својата успешна приказна преку традиционалниот Challenge Day!