Разговараме со Небојша Зафировски, студент на DevOps академијата кој моментално е вработен како DevOps инженер во Sourcico. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за него и неговото искуство на академијата.
Здраво Небојша, накратко претстави се себеси?
Здраво, Јас сум Небојша Зафировски и сум вработен во Sourcico како DevOps и сум одговорен за целата инфраструктура во Sourcico.Како алумнист на СЕДЦ од академијата за мрежи, продолжив да се надоградувам со DevOps академијата.
Кое е твоето досегашно работно искуство и која ви беше мотивацијата да учите DevOps?
Како DevOps работам околу 1,5 години , претходната позиција ми беше System/Network Engineer од вкупно 4 години работно искуство во Sourcico. Мотивацијата да се запишам на DevOps академијата беше поради лична надоградба за мојата нова работна позиција, а од моето поранешно искуство го знам квалитетот кој го нуди овој едукативен центар.
Какво е твоето досегашно искуство од DevOps академијата?
Супер искуство , мислам дека е одлична прилика за сите оние кои имаат желба да ја унапредат својата кариера и преку академијата да се запознаат со методите на работа како DevOps инжињери.
Каде се гледаш себе си и својата кариера по завршетокот на академијата?
Планирам да продолжам да работам и да се надоградувам како DevOps инжињер во Sourcico, а со тоа и да го применам стекнатото знаење од академијата.
Порака до идните студенти?
Препорака за сите идни студенти да не се колебаат да почнат со DevOps академијата бидејќи е појдовна цел до посакуваниот успех, како една од најбараните професии во моментов.
Доколку сте дел од оние кои секогаш се стремат да научат повеќе и да го надградат своето знаење во IT светот, DevOps академијата е вашиот следен чекор!