fbpx
uspeshna prikazna - miroslav petreski - data science

Запознајте го Мирослав Петрески, алумни студент од академијата за Data Science. Ни раскажува за своето искуство од академијата и како му помогнала кон неговата професионалната надоградба.

Здраво!
За себе би кажал дека отсекогаш сум бил љубопитен, но тоа значително се изрази во мене во последните 10-тина години. Посебно, откако се вработив во интернационална фабрика за производство на воздушни перничиња. Позицијата како Аналитичар на податоци неприкосновано ме натера да бидам љубопитен, да истражувам, да си поставувам прашања па потоа да наоѓам одговори. Можеби комплицирано звучи, но интересно ми е 😊

Како што напоменав претходно, љубопитноста ме направи да гледам на проблемите на еден поинаков начин, па потоа посакав да гледам и во блиска иднина, но за тоа ми требаше да научам за Data Science. Тука доаѓа Qinshift Academy, а за тоа беше најзаслужен професорот Александар кој ме разбра уште од првиот момент што сакам да научам, што планирам да постигнам и ме убеди на неколку начини дека можам да го постигнам сето тоа. Не погрешив воопшто!

Искрено, на почеток ми беше малку потешко поради тремата од запознавањето на потполно нови луѓе, колеги, но после втор/трет час откако се запознавме добро, одлично одеше. Научив доста работи, атмосферата беше пријатна, професорот секогаш се трудеше да ни го долови материјалот како теоретски така и практично. Се трудеше и надвор од часовите да ни помогне кога и да имавме прашања, задачи, проблеми. Секогаш сакаше да нè разбере што пробуваме да направиме и мислам дека добро успеваше, иако не секогаш беше лесно.

Со тоа што научив на академијата од ништо да направам премногу, имам значителна предност во мојата работа, затоа што знам како да постапам кога ми е претставен проблем. Ги решавам проблемите многу побрзо, отколку пред да ја завршам академијата. Самодовербата која ја добивам знаејќи дека тоа што сум го направил е точно, претставувам решенија без никаков сомнеж во мојата работа, а тоа ми дава многу поголем кредибилитет на моето работно место.

Би им порачал дека никогаш не би згрешиле доколку ја одберат оваа професија. Знае да биде доста интересна, но и клучна за многу идни работни места. А СЕДЦ е правилниот избор за да им даде добра подлога на идните студенти дури и ако немаат никакво искуство во ова поле.
Секако, им посакувам среќа и успешна академска година во СЕДЦ!

Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за Data Science !

Scroll to Top