Запознајте ја Марта, алумни студент од Академијата за Програмирање. Повеќе од 1 година наученото го применува за MangoSoft а за нејзиното искуство од Академијата и нејзината кариера подетално раскажува во интервјуто.
Како би се претставила себеси со неколку збора?
Себе си се гледам како исклучително упорна личност, тимски играч и секогаш пријателски настроена.
Накратко, што значи да си Web Developer?
Да си Јуниор Веб Девелопер значи да имаш работа полна со предизвици, во која постојано учиш нови работи и се развиваш. Средина во која што наоѓаш различни и иновативни решенија за проблемите, каде што има многу дружење и тимска работa.
Зошто твојот избор беше СЕДЦ и дали ти се исполнија очекувањата од Академијата?
За академијата слушнав од моите пријатели, кои веќе ја завршиле и им била од помош во понатамошната кариера. СЕДЦ игра голема улога во мојот живот, бидејќи ми помогна да направам целосен пресврт во мојата кариера, и сум презадоволна од квалитетот на предавањата и предавачите.
Кој дел од наставата ти остави најголем впечаток?
Најголем впечаток ми остави начинот на кој што предавачите ни ја објаснуваа материјата, бидејќи јас дотогаш немав допир со ништо што е поврзано со програмирање, за мене тоа беше потполно нов свет.
Како нашата Академија за Програмирање се вклопи во твоите кариерни планови?
Аплицирав за работа за технологија што беше вклучена во програмата на СЕДЦ. На моето прво работно искуство (од оваа област), од мене се бараше буквално тоа што веќе го имав совладано, па воопшто не ми беше тешко. Се чувствував сигурна во себе и бев изненадена од брзината со која ги извршував обврските.
За крај, како би ги охрабрила нашите идни студенти да започнат кариера како Web Developer?
Секој што сака промена на кариера или надополнување на знаењета од оваа област, би препорачала воопшто да не се двоуми. СЕДЦ за мене беше вистинскиот избор, се надевам дека ќе биде и за вас.
Испишете ја и вие вашата успешна приказна, уписите за Академијата за Програмирање се во тек.