Ви го претставуваме Љупчо Богоевски, алумни студент од академијата за UI/UX кој ни раскажа од каде се појавила желбата да стане UI/UX дизајнер, како ја избрал програмата на СЕДЦ и своите цели како успешен дизајнер. Прочитајте го целосното интервју.
Кој е Љупчо Богоевски?
Здраво, јас сум Љупчо Богоевски и имам 25 години. Студент сум на академијата за UI/UX дизајн во СЕДЦ. Мојата пасија е љубовта кон дизајнот и технологиите, a мојата цел е да се усовршам во оваа област и да го претворам од хоби во моја идна професија.
Од каде желбата да бидеш UI/UX дизајнер?
Пасијата кон иновативноста и креативноста ја пронајдов во креирање и развивање на дизајн за софтвер. Решавањето проблеми е мотивирачки фактор, уживам во предизвикот да најдам иновативни решенија за дизајнирање на проблеми, а тоа можам да го постигнам со UI/UX дизајнот. Исто така работата ни овозможува континуирано учење и напредување и тоа е еден од факторите кој ме натера да станам UI/UX дизајнер.
Зашто академијата за UI/UX во СЕДЦ?
Кога разгледував во која од академиите да се запишам, најдобрите услуги и ментори најдов во СЕДЦ. Планот и програмата ми се допаднаа и затоа ја одбрав баш СЕДЦ.
Дали академијата ги исполни твоите очекувања и што би издвоиле од наставата?
Презадоволен сум од академијата и од менторите кои не водеа во процесот на учење, најинтересен и нај предизвикувачки дел ми беше реалниот проект каде што можевме да примениме се што имавме изучено.
Порака до идните студенти
Ги охрабрувам идните студенти да се запишат на академијата за UI/UX дизајн во СЕДЦ, таму ќе се стекнат со нови предизвици, искуства и знаења. Најважниот фактор од академијата е тоа што соработувате со докажани професионалци и одлични ментори кои несебично ке го споделат своето знаење и искуство.
Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за UI/UX!
Уписите се во тек, резервирај го своето место навреме!