fbpx

“Lines of Vision” настан на кој ги откривме креативните светови на нашите талентирани студенти од академиите за дизајн.

На 07 октомври се одржа финалната изложба на студентите од aкадемиите за графички дизајн, графички дизајн – Fast Track, веб дизајн & front-end, game production and design, како и aкадемијата за UI/UX – дизајн на Qinshift Academy генерација 2023/24.

Проектите што ги изложија студентите беа автентични и оригинални – од модерни веб страници и впечатливи визуелни идентитети, до импресивни концепти за игри и креативни решенија за кориснички интерфејс. Секој проект имаше своја уникатна карактеристика, што сведочи за нивната подготвеност за следната фаза во нивната кариера и за предизвиците што ги чекаат во иднина.

Студентите, под водство на нашиот искусен тим ментори, покажаа извонредна посветеност преку целата година, создавајќи дела што го одразуваат нивниот висок квалитет. Менторите кои ги водеа низ процесот се: Јулијана Ацовска, Дамјан Клинчаревски, Мартин Боцевски, Блашка Миева, Александар Костоски, Сулејма Имер, Даниел Јанкуловски, Милка Јанакиевска, Марија Андрејска, Емилија Перчинкова и Мартина Вељановска.    

На изложбата се одржа и доделувањето на дипломи на студентите кои успешно ја завршија академијата. Овој настан е посебен за нас затоа што сите доделени дипломи се доказ дека со посветеност, упорност и иноватитвност можеме од почетник-креативец да направиме дизајнер, од почетник-логичар да направиме фронт-енд и гејм девелопер или пак двете.

trener

“Генерацијата 2023/2024-та беше исполнета со многу предизвици, како и за студентите така и за нас менторите. Поминавме многу проекти, од кои повеќе беа за реални клиенти, и со тоа работеа и самостојно и во тим. Целата нивна работа беше заокружена со изложбата на портфолиото која помина одлично и во предобра атмосфера. Им благодарам на студентите што поминаа низ сито и решето, што ги решија сите предизвици на ниво, и им посакувам успешна кариера во графичкиот дизајн! “- Изјави Дамјан Клинчаревски, ментор на академиите за графички дизајн.

trener

“Овогодинешната изложба на студентите беше рефлексија на наученото и сработеното во текот на нивните студии. Успешните портфолиа говорат за нивната посветеност и ентузијазам да продолжат успешно да се занимаваат со оваа професија.Имавме студенти од различни профили и образование кои ја посетуваат оваа академија и успеаа да ги совладаат сите предизвици и вештини и да се здобијат со диплома.” – изјави Милка Јанакиевска, ментор на академијата за UI/UX дизајн.

trener

“Имавме одлична изложба која не само го симболизираше доделувањето на дипломите за студентите, туку и успешниот краен резултат од нивните први проекти за реални клиенти. Задоволен сум за постигнатиот успех на студентите и покрај бројните предизвици со кои се соочија во текот на студирањето. Беа многу посветени и успешно го научија токму она што ќе им помогне во понатамошното градење на нивната кариера како front-end девелопери и дизајнери” – изјави Мартин Боцевски, ментор на академијата за веб дизајн и fron-end.

timot - emilija

“Оваа генерација ја завршуваме со 4 успешни приказни од Академијата за Веб дизајн и фронт-енд и уште толку од другите дизајн академии, што е уште еден показател за квалитетните кадри кои излегуваат од нашите клупи, како и на посветеноста на студентите. Секој на свој начин посебен, уникатен и единствен, а за нас гордост. Генерацијо, Ви посакувам се најубаво во вашиот професионален раст. Keep growing and shining. “- изјави Емилија Перчинкова, ментор на академијата за веб дизајн и фронт-енд.

Scroll to Top