Ви го претставуваме Кристијан Каранфиловски, алумни студент од академијата за програмирање, кој по самото завршување на студиите стана асистент во СЕДЦ. Амбициозен и посветен на секојдневно усовршување, моментално ја гради следната успешна група на студенти.
Во продолжение, извадок од нашиот разговор со Кико.
Што те натера да се запишеш на академијата за програмирање на СЕДЦ ?
Желбата за промена на кариера во сосема нов правец ми беше главен мотиватор да се запишам на академијата. Отсекогаш имав интерес за програмирање па следствено на тоа академијата беше логичен и правилен избор за да го направам првиот чекор кон остварување на мојата цел.
Колку време посветуваше на учење вон активностите на академијата?
– Успехот е загарантиран ако се посветите на учење надвор од времето предвидено за часови. Бев максимално посветен во континуирано решавање на домашните задачи и проекти зададени од нашите ментори, но исто толку посветен и на самостојно учење, истражување, вежбање и решавање на одредени проблематики. Голем дел од слободното време и од викендите го посветував токму на надоградување и зголемување на знаењето.
Како се случи да бидеш ментор/асистент на академијата?
– Позицијата асистент на академијата за програмирање ми беше понудена од страна на СЕДЦ пред завршетокот на учебната година при што ја прифатив во истиот момент. Тоа е одлична шанса за професионален почеток во струката, дружба и соработка со колегите и студентите, како и дополнителна мотивација за секој студент кој има амбиции да успее, да има отворена можност да добие позиција на асистент/ментор.
Како ги поттикнуваш студентите да учат поефективно/да се усовршуваат?
– Главниот клуч за успешен однос меѓу асистент/ментор и студент е пред се успешна комуникација вон часовите и успешна меѓусебна интеракција за време на часовите. Заедно со менторот се трудиме да бидеме тука за студентите за сите нивни дилеми, прашања и нејаснотии околу материјата. За студентите сум достапен во било кое време за анализа на нивните домашни задачи и тековни проекти, но најголемо задоволство ми причинува кога ќе ги пофалам за постигнатиот резултат.Ги советувам да бидат истрајни и трпеливи во она што го прават, да имаат јасна цел и да чекорат кон успехот полека но сигурно.
Што би одвоил како најинтересно од работата со студенти?
– Како поранешен студент на академијата, интересно е да се види моментот кога некој студент наидува на некој предизвик и се обидува да го надмине истиот додека ја решава сличната задача како јас додека бев студент. Но, после една година убаво е чувството да го знам решението и да сум во можност да помогнам и да го насочам правилно да стигне до него.
Од каде секојдневно се надградуваш и учиш нови нешта?
– Работата со студентите ја сметам како повторување и потврдување на веќе моето стекнато знаење но исто така како вработен во компанија за software development работам на проекти од каде секојдневно црпам нови знаења и нови искуства кои што ми нудат кариерен раст и развој во областа.
Кристијан е пример за академската трансформативната моќ која ја негуваме во СЕДЦ. Амбициозен, посветен на секојдневен развој, активен на и вон часовите, тој успеа за една година да направи кариерна промена и од студент да прерасне во асистент.
Доколку и ти ги делиш истите карактеристики и имаш интерес за веб дизајн, погледни што нуди нашата Академија за програмирање.
На нашите академии се учи практично, низ реални проекти за компании, под водство на ментори докажани во своите бранши.