fbpx
intervju so julijana acovska - koordinator na graficki dizajn

Разговараме со Јулијана Ацовска, координатор на дизајн академиите, која ни раскажа повеќе за своето долгогодишно искуство и академиите кои ги води. Како дел од академиите кои го проширија спектарот на СЕДЦ беа UI/UX (визуелни елементи/комплетна интеракција) и графички дизајн fast track, па добивме и дополнителни информации околу истите. Прочитајте  го целото интервју.

Како дизајнер работам 20-тина години. Имав можност да бидам дел од неколку странски компании и од дизајн на книги, списанија, логоа, фокусот го ставив на package дизајн – поврзување на форма, структура, материјал, боја, слика, типографија со помошни елементи на дизајнот со цел да се направи производ погоден за маркетинг.  Со дизајн започнав сосема случајно уште како студент по математика. Вообичаено е луѓето да се групираат во две категории, оние кои се добри во уметност или дизајн, и оние кои се добри во математика или наука. Спојот на овие две професии не е случаен од причина што многу дизајнерски концепти имаат директни врски со математички концепти и откритија.

 

Многу луѓе сакаат да се занимаваат со дизајн, но не знаат од каде да почнат. Дури и ако немаат претходно искуство, тука е тимот на ментори кој ќе им помогне да навлезат во ова поле. Академиите за дизајн се одлична можност за комбинирање на креативните способности со технички вештини. Стекнувате возбудлива и креативна професија која се темели на љубов кон уметноста.

 

Дизајнот е уметност исто колку што и наука. Тој не смее да пропадне. Ние сме тука да ја поттикнеме креативна страна на студентите.

 

Тимот од Академијата за дизајн постојано ги следи трендовите во IT индустријата. UI/UX дизајнот е во пораст како резултат на повратните информации од клиентите. Од таму и идејата за нова насока на Академијата. Тоа е одличен начин да се разберат потребите на корисниците и да се направат промени со цел да се подобри искуството на клиентите. Од друга страна попладневните термини од Академијата за графички дизајн (Fast Track) истата ја направија подостапна за поголем број на студенти.

Основните принципи важат секогаш и секаде, но трендовите брзо се менуваат. Дизајнот е област која постојано се трансформира, па затоа е неопходно, без оглед нa претходното знаење и искуство, да се усвојуваат нови техники, во согласност со технолошките и естетски трендови.

Уписите за дизајн академиите 2023/24 се во тек, резервирајте го вашето место!

Креирај ја и ти својата успешна приказна преку UI/UX академијата која започнува во април!

Scroll to Top