Ве запознаваме со UI/UX Академијата до најситен детал, поради тоа ви го претставуваме Јовица – студент на академијата кој ќе ви долови што значи да се биде студент во Qinshift Academy, поранешно СЕДЦ, а секако и неговите следни чекори кон кариера како UI/UX Дизајнер.
Здраво Јовица, накратко кажи ни нешто за себе?
Јас сум Јовица Ризовски, графички дизајнер од Скопје. Во моментов сум дел од Art & Design тимот на CrazyLabs. Работам во креативна средина каде што постојано и безрезервно се инвестира во професионална надградба, стимулира стекнување на нови знаења…
Се наоѓате на самиот крај од UI/UX Академијата, што би издвоил од наставата и дали истата ги исполни твоите очекувања?
Mи се допадна што во теорискиот дел од програмата покрај очекуваната содржина, големо внимание се посвети на општите дизајн правила и принципи со акцент на типографија, тероија на бои и сл. Сметам дека тоа дава одлична основа за многу студенти кои прв пат се среќаваат со дизајн.
Исто така изборот на проекти кои ги работевме за време на наставата – веб сајт, мобилна апликација и dashboard се три есенцијални проекти кои мора да ги има во секое UX портфолио.
Твој омилен модул и зошто?
UX сегментот од програмата лично ми беше најинтересен од причина што тука наидов на многу нови информации, кои ми помогнаа да ја дооформам комплетната слика од целиот UX/UI дизајн процес.
Раскажи ни го твоето кариерно патување, и како нашата Академија се вклопува во твоите идни планови?
Морам да признаам дека UX/UI дизајн веќе подолго време ми беше во “агенда.”
Еден вид природна прогресија, по години работа со алатки како Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign, After Effects и кратки екскурзии во Blender…
Така што решив повеќе да не одложувам и по кратко онлајн истражување се одлучив за Qinshift Academy, поранешно SEDC.
Совет до идните студенти на UI/UX Академијата?
Имањето креативна професија е секојдневен предизвик и привилегија. Мислам дека UX/UI академијата е одличен избор за многу кои сакаат да го надградат своето знаење или едноставно започнуваат нова кариера.
Кариера како UI/UX дизајнер нуди одлични поволности за оние кои сакаат да ја изразат својата креативност на малку поинаков начин. Резервирајте го вашето место, уписите за следната група на Академијата се во тек.