fbpx
uspeshna prikazna -ivona oracheva - digitalen marketing

Ви ја претставуваме Ивона Орачева, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг. Тaa ни го раскажа своето искуство од академијата и како тоа и помогна да е дел од тимот на Synami.

-Здраво дечки! Ми фалевте 😊. Имам 26 години и сум Охриѓанка, како и поранешен студент на академијата за дигитален маркетинг во СЕДЦ. За себе би рекла дека сум трудољубива и амбициозна личност, која полека но сигурно чекори кон патот кој си го замислила. Учењето и совладувањето нови работи ми е најголем предизвик во секојдневието!

-Академијата не само што ги исполни, туку слободно можам да кажам дека и ги надмина моите очекувања. Пристапив со огромна желба и ентузијазам уште од самиот почеток и да бидам искрена така беше до завршувањето. Од пристапот на менторите, преку работата на индивидуални и групни проекти, знаењето и вештините што се стекнуваат преку секојдневна работа во текот на 8 месеци, само го потврдија она што е СЕДЦ 10 години наназад.

– На мое огромно задоволство, работам како специјалист за дигитален маркетинг во Synami (софтверска компанија).

– Секако дека ми помогна. Со запишувањето на академјата, јас отворив ново поле од мојот живот на професионален план, кое со многу труд и посветеност ме донесе тука каде што сум денес.

-На идните студенти би им порачала да веруваат цврсто во нивните поставени цели, да се посветени и одговорни во извршувањето на задачите, зошто само така се постигнува успех. Академијата за дигитален маркетинг е одлична за стекнување вештини и знаење во чекор со најновите маркетинг трендови. Верувајте во себе и ништо не е невозможно!

Креирај ја и ти твојата успешна приказна преку Aкадемијата за дигитален маркетинг! 

Scroll to Top