fbpx
uspeshna prikazna - ivana panchevska - game design

Ивана Панчевска е наш алумни студент од Академијата за Софтвер Тестинг.
По завршувањето на Академијата и положувањето на ISTQB сертификатот ја започнува својата нова кариера како Софтвер Тестер за компанијата Web Factory.

Во продолжение ни раскажува за нејзиното искуство поврзано со предавањата и како истите и влиаеја во идниот кариерен развој.

Здраво, јас сум Ивана, дипломиран правник со речиси 10 години работно искуство во професијата.

По природа сум позитивна, борбена, упорна, амбициозна, со силна желба за константно напредување и промени. Во моментот кога реалноста ми стана монотона и почувствував дека работната позиција повеќе не ме исполнува, знаев дека е време за промена. После сериозно размислување и анализирање, собрав храброст и ставив крај на мојата тогашна кариера. Ја завршив Академијата за Софтвер тестер во СЕДЦ а веднаш потоа го положив и испитот за ISTQB сертификатот.

Патот воопшто не беше лесен, но сепак еве ме сега, повеќе од една година вработена како Софтвер тестер во Web Factory, компанија која постои 12+ години, со 50+ клиенти низ Јапонија, САД, Канада, Австралија и Европа и 100+ проекти во ФинТек индустријата, здравството, угостителството, забавниот сектор, банкарството како и индустријата на човечки ресурси и регрутирање. Конечно сум среќна и исполнета поради чувството дека го работам тоа што го сакам, во пријатна и позитивна атмосфера со суперкул колеги.

Со компјутерите сум во љубов од дете, секогаш си бев сама свој мајстор на својот компјутер, откако се разбира сама ќе си го расипев. Понекогаш магично ќе го проработев, а понекогаш беше неопходно да се повика пријател, но секогаш бев водена од љубопитноста што ќе се случи ако направам ова или она, ако стиснам ваму или таму. Гледано од оваа перспектива уште тогаш несвесно сум се трудела да откривам багови, а потоа и да им најдам чаре.

Очигледно, технологиите и ИТ индустријата од секогаш ме интересирале, а бидејќи тоа е најдинамички и брзорастечки пазар во моментов, со најмногу можности и голем избор на различни профили за работа, па очигледно беше дека тоа ќе биде мојот избор за професија.

I did my research, наидов на Академијата за софтвер тестинг, убаво изанализирав што се бара од еден Софтвер тестер и кои особини треба да ги поседува и едноставно се пронајдов себе си. Од една страна, сметав дека имам капацитет да го совладам материјалот, но со оглед на тоа што немав техничка подлога, сепак сметав дека можам за кратко време да се оспособам за работа и да допринесам за подигнување на квалитетот на работа во една компанија, а од друга страна тука совршено се совпаднаа и моите карактерни особини.

Јас лично имав многу позитивно искуство како студент на Академијата за Софтвер тестер. Програмата е одлично осмислена и сеопфатна и преставува добра основа за секој кој сака да започне кариера во оваа професија. Предавачите и асистентите беа на ниво, вистински професионалци, секогаш спремни со практични примери да го објаснат тоа што го зборуваат.
Предавањата беа секогаш интересни, се бараше интеракција и активност од студентите, не беше one-way conversation, туку буквално не испрашуваа, решававме задачи на табла и пишувавме домашни задачи.

Особено предизвикувачки беше совладувањето на материјалот за објектно-ориентираното програмирање и автоматско тестирање, но предавачите дадоа се од себе за што полесно да го сфатиме целиот тој концепт. И секако на крајот од програмата многу ми помогна спремањето за полагање на ISTQB сертификатот, сите совети и хинтови од предавачот навистина многу ми се најдоа.

Се на се, Академијата дава одлична основа за почеток на процесот за оспособување за работа, но сепак најтешкиот дел останува на студентите. Само со посветеност, огромен труд и работа на сите проекти и задачи во текот на целата Академија, успехот ќе биде неизбежен.

Буквално се што некогаш беше спомнато на предавањата, најде практична примена во реалноста, почнувајќи од самото интервју за работа и техничкото тестирање, па се до денес. Програмата е така осмислена, за да опфати се што на еден Софтвер тестер некогаш би му притребало во работата, макар барем само како поим.
Секако, секој индивидуално треба постојано да истражува, да се надоградува и да си го проширува  знаењето.

На сите ќе им препорачам да веруваат во себе и своите потенцијали и можности. Сите вие кои што поседувате силни аналитички вештини, љубопитноста ви е на максимум, сте спремни за предизвици, сакате да си ги поместувате границите, сакате работа во тимска и динамична средина и сакате да влегувате во дискусии со девелопери, go for it!
Јас верував во себе и својот потенцијал, па така, сега сум дел од една суперкул работна средина и имам прекрасни колеги од кои секој ден учам по нешто ново и како професионалец и како човек!

Искористете ја можноста и започнете ја вашата кариера како Софтвер Тестер.
Уписите за Академијата за Мануелно и Автоматско Тестирање се во тек.

Scroll to Top