fbpx
uspeshna prikazna - hristina josheska - graficki dizajn

Запознајте ја Христина, алумни студент од Академијата за Графички Дизајн. Ни раскажува за искуството од Академијата и кариерниот пат по завршувањето на истата.

Здраво, јас сум Христина имам 25 години и сум дипломиран инженер од областа на индустрискиот дизајн, работам како Графички Дизајнер и сум голем љубител на патувања и добра храна.
За себе би кажала дека сум позитивна, амбициозна и креативна личност која сака постојано да учи и да се надоградува.

Во 2019 година решив да го надополнам моето знаење во областа на графичкиот дизјан и уште од старт знаев дека вистинскиот избор за мене беше Qinshift Academy ( поранешно СЕДЦ ) по препорака од пријател.
Уште од самиот почеток менторите беа целосно посветени на секој од нас кои што несебично и на одличен начин го пренесуваат своето знаење и сеуште се тука за било каква помош или консултација.
Добра работа е тоа што работевме на реални проекти, и со самото завршување на академијата имавме веќе изградени портфолија.

Накратко кажано започнав со работа како графички дизајнер во Extreme Cosmetics, но сакав да го надополнам моето знаење и со самото враќање од академијата на работа, знаењето ми помогна уште повеќе да ја сакам работата и да правам нови, многу подобри дизајни и опаковки. Бев изненадена од брзината со која ги извршував обврските, за кои претходно ми требаше многу повеќе време.

По завршување на факулет, почнав со работа како Графички дизајнер во компанијата Extreme Cosmetics. На почеток имав потешкотии во однос на програмите, и на целиот процес на изработка. Но откако завршив на академијата од Qinshift Academy (поранешно СЕДЦ ), во комбинација со претходното знаење, направив целосен пресврт во мојата кариера како графички дизајнер и почнав се повеќе да ја сакам мојата професија.
После 3 успешни години работа во компанијата, добив понуда за remote работа од странска компанија со флексибилно работно време. Покрај креативната работа, сега ќе можам да си го организирам моето време од денот, како што мене ми одговара.

Доколку сакате да ја промените својата кариера, или да се надоградите во областа на графичкиот дизајн, академијата на Qinshift Academy (поранешно СЕДЦ ) е вистинскиот избор за вас. Успехот е патување а не крајна дестинација, продолжете да учите и да се надоградувате!
Don’t stop until you’re proud!

Доколку и вие сакате да започнете кариера во Графички Дизајнер, вашето време е сега!
Резервирајте во вашето место уписите за Акаемијата за Графички Дизајн се во тек.

Scroll to Top