fbpx
intervju so filip kiroski - mentor na devops

Филип Кировски е ментор на академијата за DevOps, професија за која сите зборуваат поради се поголемата побарувачка на пазарот на труд. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за Филип!

1.Кој е Филип Кировски и како стана дел од менторскиот тим на СЕДЦ?

Јас сум Филип Кировски, работам како дел од тимот Open GI како Product manager. Во DevOps струката сум 11 години. Одлуката да се предава на оваа академија дојде од мојата желба да го пренесам стекнатото знаење и се повеќе луѓе да напреднат во оваа струка.

2.Што значи да се биде DevOps инженер ?

Основа на секоја добра IT компанија е добар DevOps тим. Работа на секој добар девопс инженер е да овозможи алатки и процеси за девелоперите кои развиваат софтвер и да ја олесни нивната работа. Добрите DevOps инженери ги гледаат девелоперите како клиенти кои треба да се усреќат.

3.Кој модул на академијата го предаваш ?

На DevOps академија предавам Version Control & Azure DevOps. Овие два модули се основа за добар CI/CD ( continuous integration and continuous delivery/continuous deployment) процес. Version Control ни овозможува добар квалитет со соодветени branching стратегии и целосен увид на историјата на она што го имаме работено, а Azure DevOps е меѓу најкористените алатки за CI/CD и добро познавање на Azure DevOps е добра основа за примена на други CI/CD алатки.

4.Дали во моментов DevOps практиките ги присвојуваат и стартапи ?

DevOps зема огромен замав и голем број на стартапи се фокусираат на овие процеси почнувајќи од Mend(поранешно WhiteSource) за проверка на сите open source кодови во апликацијата, до Grafana за сите logging и dashboard tools што ги нуди. Во моментов има стартапи кои го покриваат скоро секој аспект на DevOps процесот.

5.AI & DevOps, кое е твоето мислење за овие револуционери алатки?

Живееме во интересно време и една од револуциите во ИТ секторот е AI. Многу професионалци се плашат дека AI ќе ги замени во работата меѓутоа јас сметам дека AI е најдобар асистент што сме го добиле.

6.Порака до идните студенти

Ова е можеби најперспективна професија во ИТ и никогаш немало поголема побарувачка за DevOps како сега. Дали сте почетници или веќе сте DevOps инженери во потрага по знаење, оваа академија е вистински чекор за професионален раст! We are automating this processes not because its easy, we do it because we thought it would be easy. (DevOps moto) Надгради ја својата кариера преку академијата за DevOps! Уписите се во тек, започнуваме на 24ти април!

Scroll to Top