Хакатон: 54 часа интензивна иновација
На академијата за дигитален маркетинг се одржа 54 часовен хакатон каде во ограничена временска рамка, студентите имаа цел да изработат креативно решение за клиентот Evolution Coaching Academy – The Birth of Coach. Хакатонот е настан каде што креативноста и технологијата се спојуваат за да создадат иновативни стратегии.
Поделени во две групи, дваесет студенти ги разменуваа своите идеи, искуства и експертизи за да стигнат до крајното решение за создавање идеална маркетинг стратегија.
Хакатонот започна со презентација од ко-основачите на академијата за коучинг Анџелика Буровски и Фросина Ристовска, кои ги истакнаа своите цели и очекувања од стратегиите.
“ Со огромна чест и задоволство ја даваме нашата доверба на Киншифт академијата за дигитален маркетинг, каде овие идни успешни и иновативни маркетери ќе најдат решение за остварување на нашите цели. “ – истакна Анџелика.
Во просториите на Киншифт академијата студентите започнаа со презентирање на своите идеи, заеднички интерерси и вештини. Подоцна тие идеи преку посветена и интензивна работа, истражување, креирање на кампањи и постови прераснаа во една комплетна маркетинг стратегија. Во маркетинг стратегиите беа имплементирани ПР активности и настани, кои беа промовирани преку постови, стори и рилс на социјални медиуми. Исто така беа сетирани кампањи на социјални медиуми за промоција на WhiHub, но и споделување на информациона и едукативна содржина за академијата. Со креирањето на Google рекламите, цел беше да се привлечат повеќе потенцијални клиенти, зголемување на свестноста за бренодт како и зголемен веб сообраќај. Во стратегиите беше опфатена и SEO оптимоизација на веб страната и дадни препораки за подобрување на истата. Студентите изработија и посебни landing pages и newsletters кои беа употребени во е-маил кампања за коучинг академијата.
Низ целиот процес владееше динамична и енергична атмосфера, тимска работа и поддршка помеѓу студентите. Тимовите работеа напорно за остварување на своите идеи и концепти, стекнувајќи се со уникатното искуство да учествуваат во реална работна атмосфера.
Во текот на работата студентите беа посетувани од своите ментори пред кои ја споделуваа својата досегашна работа и добиваа совети за подобра егзекуција на тимското решение. Менторите им помагаа со совети и повратни информации, осигурувајќи дека идеите се развиваат во одржливи и ефективни решенија.
“ Работата на реални проекти за реални клиенти е задолжителен дел од програмата на aкадемијата за дигитален маркетинг во Киншифт. Преку ваков начин на работа, студентите имаат можност да ги надградуваат своите вештини и да го применат целото знаење стекнато од предавањата." - изјави Марина Домазетовска.
“ Тимската работа, взаемната соработка, неуморното работење за иста цел, создавање маркетинг стратегија за реален клиент, секако неизбежна е и дружбата, се дел од работите кои студентите ќе ги стекнат од учеството на хакатонот.” - изјави Ненад Сибиновиќ.
“ Овој хакатон ги зближи креативните умови на нашите студенти, со цел да го подобри нивното искуство во работата. Задачата на тимовите е да развијат иновативни стратегии за реалниот клиент во одредена временста рамка, кое претставува вистински предизвик како за студентите така и за клиентот. “ - изјави Татјана Лопарски.
Ги прашавме и студентите за нивните импресии од хакатон и работата на реални проекти во склоп на академијата за дигитален маркетинг.
“Учеството на хакатон за дигитален маркетинг беше неверојатно искуство. Научив многу за тимска работа, управување со време и како да го претставам мојот труд пред други. Најважно од сѐ, стекнав нови пријатели и контакти кои можат да ми помогнат во мојата кариера.” – Јаглика Ивановска.
“Хакатонот ми покажа колку е важно да се биде отворен за нови идеи и да се работи во тим. Се надевам дека ќе имам можност да учествувам на уште многу вакви настани и да продолжам да растам како професионалец во областа на дигиталниот маркетинг.” –Тања Дишлиоска.
Хакатоните се одржуваат со цел студентите да увидат како е да се работи под притисок, тимски, во динамична работна средина и во ограничен рок. Хакатоните им овозможуваат на студентите да експериментираат со нови техники и технологии, да ги тестираат своите идеи во реално време и да соработуваат со други талентирани поединци.
Сето ова не само што води до иновативни стратегии, туку и го подобрува знаењето и вештините на сите учесници. Овие настани се идеална можност студентите да ги збогатат своите портфолија со реални проекти за големи и признаени компании.