fbpx
uspeshna prikazna - emilija malezan - graficki fast track

Разговараме со Емилија Малезан, алумни студент од академијата Design your future која ни доловува што значи да се биде студент во СЕДЦ и кои се нејзините чекори кон професијата графички дизајнер.

Здраво здраво. Имам 33 години, по професија сум дипломиран физиотерапевт, вработена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија  “Св. Еразмо” – Охрид. Наспроти она што го работам, талентот се состои во нешто друго. Очигледниот уметнички дух, со доза на естетика, и креативен импулс присутен со години, само си го зазема своето приоритетно место.  Не беше прашањето кога, туку како и во која насока ќе му се даде шанса на креативниот дух да се изрази. Win – Win ситуација беше графички дизајн.

Нормално, кога веќе бирам таков тип на едукација, ништо друго освен Сивус не ми паѓа на памет. Ако сте во ситуација како мојата, работен однос, и сите тековни обврски кои ви ги носи животот, “Design Your Future”, апсолутно се поклопува со вашите интереси и желби за едукативна еволуција.

Со оглед на свесноста дека е присутен талентот, Adobe пакетот, односно да презицирам Adobe Illustrator, ми “кликна” од прва.

Уште од стартниот час започнува кариерното патување, а понатака само ќе се отвараат нови хоризонти. Патувајте свесно!

Дајте си го она што си го должите на себе си!

Резервирајте го вашето место, уписите на академијата Академија за графички дизајн – fast track се во тек!

Scroll to Top