Емил Спиркоски е Алумни студент од Академијата за Компјутерски мрежи. По завршувањето на Академијата му се укажа можност да биде дел од тимот на Seavus! Прочитајте за неговото досегашно искуство и како Академијата во Qinshift Academy му помогна во градењето на сопствената кариера.
За почеток, кој е Емил?
Емил е 26 годишен ентузијаст за компјутерски науки и технологии кој во слободно време шета ретривер (Ари), свири тапани во Pluto’s Doubts и Bandix, а се обидува својата креативност да ја канализира низ секакви други начини во животот.
Како одлучи да навлезеш во науката за компјутерски системи и мрежи?
Студирав Примена на Е-Технологии на Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) кога открив дека сакам да учам нешто ново и да се развивам повеќе во областа на мрежи и Cloud технологии, а со помош на истражување и препораки во време на пандемија решив дека сакам да се запишам на CloudOps Network Academy во СЕДЦ.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата и дали ги исполни твоите очекувања?
Пред се, благодарен сум на предавачите во Qinshift Academy кои многу помогнаа во идентификување на моите интереси и остварување на моите цели како иден компјутерски инженер. Искуството во Академијата беше од непроценлива важност како во кариерна – така и во смисла на личен развој.
По Академијата започна ново поглавје во Qinshift , како изгледа еден твој работен ден?
Како човек со претходно работно искуство можам да кажам дека лесно се адаптирав на новата околина. Тоа говори како за знаењата стекнати при академијата Qinshift Academy, така и за отвореноста на работната средина во која се најдов. Сценаријата кои ги работевме на предавањата се мое секојдневие на работното место, а освен што бев спремен за предизвикот, во позиција сум и понатаму да растам и секојдневно да се надоградувам во компјутерските науки.
И за крај, што би им препорачал на оние кои што сакаат да ја насочат својата кариера во сферата на компјутерски мрежи?
За сите оние кои што сакаат да се определат кон некаква област поврзана со компјутерските науки, топло им ја препорачувам оваа Академија. Подеднакво и за љубопитните и за оние што знаат кон што целат, тимот на СЕДЦ нуди широк спектар на можности и искуства низ кои младиот човек има простор да се пронајде.
Креирај ја и ти твојата успешна приказна преку Академијата за Компјутерски Мрежи, уписите за следната група се во тек!