Елена Пенкова е динамичен професионалец и алумни студент на Qinshift Академијата за дигитален маркетинг, која верува во моќта на континуираното учење и самоинвестирање. Нејзината приказна е пример како амбицијата и посветеноста можат да доведат до успешна кариерна трансформација. Преку Qinshift Академијата, Елена не само што стекна технички вештини, туку и изгради вредна професионална мрежа и отвори нови можности за кариерен развој. Нејзината способност да ги комбинира креативноста со стратешко размислување, како и нејзината посветеност кон континуирано учење, ја прави успешна во динамичното поле на дигиталниот маркетинг.
Зошто академија за дигитален маркетинг на Qinshift Academy?
Изборот на Академијата за дигитален маркетинг беше природен за мене, бидејќи себеси се гледам како многу креативна личност. Дигиталниот маркетинг е поле кое овозможува комбинирање на креативноста со стратешко размислување, што ми овозможи да ги изразам своите идеи на иновативен начин. Академијата ми помогна да ја насочам мојата креативност кон ефективни маркетинг стратегии, како и да стекнам технички вештини кои ми овозможија да ги реализирам овие идеи во практиката. Таа беше идеален избор за мојот развој, бидејќи ми овозможи да работам на реални проекти и да се надградам со нови знаења кои постојано се менуваат во динамичниот свет на дигиталниот маркетинг.
Работиш како бренд маркетер за Rita Cidre која е директор на академијата на Semrush. Со кои предизвици се среќаваш секојдневно?
По завршувањето на Qinshift Академијата, започнав две значајни позиции: Community Site Manager во Green Cloud Nine и Content Strategy Senior Coordinator, работев со Рита Сидре, директор на академијата на Semrush, развивајќи го нејзиниот личен бренд. Клучните предизвици со кои се соочувам се брза адаптација на работната динамика, ефективно справување со различни работни задачи и разбирање на индустриските стандарди и очекувања. Академијата ми обезбеди темелна основа која значително го скрати периодот на адаптација и ми овозможи да придонесувам веднаш.
Дополнително работиш како freelancer на upwork. Како дигитален маркетер на какви проекти најчесто работиш?
Како freelancer на Upwork, работам на различни проекти во дигиталниот маркетинг, од управување со кампањи на Google Ads до изработка на SEO стратегии и создавање content writing. Секој проект е различен и ми помага да ги надградувам моите вештини и да се справувам со нови предизвици во реалниот свет на дигиталниот маркетинг.
Од каде секојдневно учиш и се надградуваш?
Секојдневно учам преку ресурси од индустријата, како што се вебинари, онлајн курсеви и професионални мрежи, кои ми овозможуваат да останам во тек со новините и трендовите во дигиталниот маркетинг. Понатаму, исто така учам и преку комуникацијата со моите ментори и колеги во индустријата, што е клучно за мојот раст.
Порака до идните студенти?
Академијата ги обезбедува сите ресурси и знаења, но вашата решеност да учите и да се развивате е клучот за максимално искористување на оваа можност. За сите кои се подготвени да вложат труд, Qinshift Академијата е одлична платформа за започнување или унапредување на кариерата во дигиталниот маркетинг.