fbpx
uspeshna prikazna - davor petrovikj - digitalen marketing

Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во неговото кариерно патување.

Здраво, јас сум Давор Петровиќ. Имам 26 години и сум поранешен студент на академијата за дигитален маркетинг во СЕДЦ. Јас сум личност која константно сака да се надградува со нови знаења и искуства, и секогаш сум подготвен за нови предизвици.

Дигиталниот маркетинг е област која постојано се проширува, ти овозможува да ја изразиш својата креативност и да допреш до многу луѓе.  Пофалните зборови, успешните приказни, како и помошта која ја добив од тимот на СЕДЦ, беа главната причина зошто се одлучив да се пријавам на академијата за дигитален маркетинг во СЕДЦ.

За време на 7 месечната академија ги изучив сите аспекти од дигиталниот маркетинг и стекнав знаење кое за мене е од непроценливо значење.  Дружбата со сите студенти и ментори како и помошта која ја добив во текот на академијата беше навистина одлична. Академијата не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина.

По завршувањето на академијата се вработив во Adepto Solutions како Digital Account Manager. Планирање, спроведување и анализа на маркетинг кампањи, исполнување на барањата на клиентите и истражување и анализа на пазарот се само некои од моите секојдневни обврски.

Знаењето кое го стекнав за време на академијата ми овозможи подобро да ја разберам целосната маркетинг структура, што навистина ми помогна во достигнување на целите кои ги поставувам со клиентите со кои работам.

Тоа што би им го препорачал на идните студенти е константо да учат и да се подобруваат. Дигиталниот маркетинг е област која е многу разновидна, исполнета со многу динамика и доколку навистина се вложите може да постигнете резултати од кои и самите ќе бидете зачудени.

Креирај ја и ти твојата успешна приказна преку академијатата за дигитален маркетинг!

Scroll to Top