fbpx
uspeshna prikazna - ana sazdova - digitalen marketing

Јас сум Ана, поранешен студент на Академијата за дигитален маркетинг. Денес работам како Digital Marketing Specialist. За себе можам да кажам дека сум амбициозна и креативна, секој ден се стремам да научам нешто ново со што би го надоградила сопствено знаење.

На мое огромно задоволство, денес работам во Synami Media како специјалист за Дигитален Маркетинг

Академијата за Дигитален Маркетинг ми ја даде насоката да се движам по правиот кариерен пат, ми го покажа дигиталниот свет и како функционира, со други зборови ми ги отвори очите и ме извлече од комфорт зоната. Менторите и тимот на Qinshift Academy кои беа постојано достапни за било каква консултација и помош, ми помогнаа да го најдам она што навистина сакам да го работам, а за кое денес сум многу благодарна.

Сите модули на академијата  имаат посебна убавина и умешност во работата,но како највозбудливи можам да ги издвојам : SEO и Paid Marketing.

Најпредизвикувачки ми беа овие модули бидејки имаше многу вежби и практична настава поврзана со нив.

На идните студенти би им препорачала редовно да присуствуваат на сите предавања, да бидат вклучени во сите дискусии и проекти што ги нуди Qinshift Academy и максимално да се посветат на домашните задачи. На тој начин само ќе се надоградат и ќе се пронајдат во светот на дигитален маркетинг.

Scroll to Top