fbpx
uspeshna prikazna - ana markovska - software testing

Здраво јас сум Ана, имам 26 години и сум дипломиран Технолог-Инженер по Полимерни материјали.
За себеси можам да кажам дека сум една истрајна личност со јасно зацртани цели. Moето слободно време е иполнето со планинарење и кампувaње зошто сум заљубена сум во природата. Луѓето околу мене ме опишуваат како една гласна и забавна личност која ужива во квалитетно поминато време со најблиските.

По неколку променети работни места во мојата струка, увидов дека нашиот пазар не е доволно развиен за тоа што јас го замислував како моја работа од соништата. Тоа беше една од причините поради која што се одлучив за целосна промена во кариерата. Во потрага по професија којашто ќе ми овозможи непрекинато себе-надоградување и можности за напредок и развој, направив истражување и се одлучив за Software Testing академијата на Qinshift Academy (поранешно СЕДЦ). Дополнително, промената од стандарден QA/QC Engineer во QA Software Tester може да донесе подобар професионален развој, особено кај нас. Овие неколку работи беа пресудни за мојот “manual to digital” трансфер.

Ова беше за мене еден голем предизвик, којшто ми ја овозможи саканата промена дури и порано од очекуванато. Одлично искуство проследено со несебична поддршка и знаење од менторите, како и голема посветеност

Секој ден во досегашното работно искуство како QA tester е исполнет со различни предизвици. Самата флексибилност во оваа сфера е една од работите која што ме привлече, бидејќи ми дозволува да ја имам слободата да работам и од дома и да можам да ја искористам креативноста на највисоко ниво

За почеток ми помогна да си ја најдам работата кој ја посакував. Искуството и знаењето собрано од академијата ми помогна многу полесно да се вклопам во работата и да се надградувам себеси.

Мојата порака за секој оној кој не е исполнет на своето работно место, е да се охрабри и да го направи првиот чекор.

Следната група за Software Testing Академијата започнува на 5-tи Ноември.
Пријави се и стани Software Tester.

Scroll to Top