Академија за Sales & Business Development
Стани сертифициран професионалец за продажба
Усоврши ги алатките за дигитализација и AI
Учи од водечки експерти преку реални проекти
Директно вработување
за најдобрите
Почеток:
Февруари 2025
Времетраење:
5 месеци
Распоред:
2/3 пати неделно
Време:
18:00 – 20:45 ч
Редовна цена:
1.950 €
Промотивна цена:
до 31.12.2024
Добредојдовте на Академијата за Sales & Business Development каде што го претвораме потенцијалот во перформанс и продажните професионалци во лидери!
Веруваме дека продажбата е многу повеќе од обична трансакција—таа е градење на трајни односи, разбирање на потребите на клиентите и обезбедување вистинска вредност.
Нашата академија нуди сеопфатно и практично учење комбинирајќи традиционални продажни техники со иновативни дигитални алатки и стратегии.
Ќе имате можност да осознаете како преку вештачката интелигенција може да го унапредите вашиот продажен процес, да ги поедноставите интеракциите и да ги подобрите чекорите на донесување одлуки.
Ќе научите како да ги искористите податоците преку алатки за автоматизација и како да го оптимизирате секој чекор од продажниот процес преку дигиталните платформи.
Нашите инструктори, со долгогодишно искуство во продажба, ќе ве водат низ секоја фаза, од пронаоѓање потенцијални клиенти и преговори до затворање договори и градење лојалност, притоа осигурувајќи се дека ќе останете во чекор со најновите трендови.
Придружете се кон нашата Академија и отклучете го вашиот целосен потенцијал!
Програма
1. Вовед во продажба
- Продажба 101 – што е продажба и каде се вклопува во бизнисот
- Разбирање на процесот на продажба
- Еден ден во животот на продажен агент
- Вовед во јазикот на продажбата (термини и жаргони)
2. Психологија на продажба
- Продажба и менталитет на победник
- Психолошки и мотивациски аспект на продажба
- Психологија на клиент/купувач
3. Истражување и Генерирање на Лидови
- Важноста на деталната подготовка
- Истражување на индустријата и пазарот
- Познавање на производот
- Техники и алатки за генерирање на лидови
- LinkedIn Sales Navigator, Microsoft Office, CRM екстензии за Google Chrome
- Автоматизација и дигитализација
4. Техники и методологии на продажба
- Вовед во иновативни и добро воспоставени техники на продажба
- Истражување на продажни методологии како: SPIN Selling, N.E.A.T. Selling, SNAP Selling и др.
- Подобрување на ефикасноста и продуктивноста со овој пристап
- Реални примери и сценарија
5. Алатки и технологии за продажба
- Истражување и работа со различни алатки и технологии за продажба
- CRM системи и алатки за одржување на лидови
- Дигитална трансформација и револуција во продажбата
- Masterclass за Вештачка Интелигенција – Интензивна продажба во ерата на AI
6. Развој на продажни вештини и стратегии
- Најефикасни начини за развој на продажни вештини
- Бестрашен и доминантен пристап
- Јазик на телото, техника на огледало и вештини за пишување
- Час по деловен англиски јазик
- Стекнување доверба од клиентот/купувачот
- Извонредност во продажни стратегии
7. Справување со приговори, стрес и конфликти
- Идентификување на приговори
- Tехники за справување со приговори
- Стресот е ваш непријател – како да го избегнете и надминете
- Решавање конфликтни ситуации – клиентот/купувачот е секогаш во право, сè додека не е
- Masterclass за Психологија – табу или корисна навика
8. Успешна конверзија
- Вештини за презентација
- Техники за затворање на продажба
- Што следува по успешно затворена продажба?
- Управување со резултати
- Аналитика и мерење на перформанси
- Алатки и дигитализација за максимизирање на перформанси
9.Управување на односи со клиенти – Повеќе од продажба
- Како да останете во комуникација со клиентите по завршената продажба?
- Up-selling и cross-selling
- Долготрајни односи со клиенти – предности и недостатоци
- Вештини за управување со време – каде е балансот помеѓу нови и постоечки клиенти
10. Континуирано подобрување
- Како да продолжите со работа на постојано подобрување
- Следење на трендовите
Бонус Masterclasses
HR masterclass
Претовори ја оваа сертифицирана академија во вработување
Sales masterclass
Научи од најдобрите во индустријата
Ментори
Самоел Хорват
Product Manager
Александар Мицевски-Буга
Agile Coach
Филип Бундовски
Product Owner
Придобивки
- CPD Акредитација
- Учебни материјали одобрени од признати лидери во продажбата
- Водечки меѓународни и домашни докажани тренери
- Ексклузивен пристап до алатки и практики за дигитализација и AI
- Реални студии на случаи и сценарија
- Можност за платена практична работа за време на студиите
- Можност за вработување веднаш по завршувањето на академијата
Акредитација
Академијата за Agile Product Development е акредитирана од CPD, што значи дека ги задоволува највисоките стандарди за професионален развој. CPD акредитацијата поставува интернационални стандарди во образованието, работејќи со институции како Универзитетот во Оксфорд, King’s College во Лондон и Универзитетот во Кембриџ.
Припрема за работа
Преку реални проекти и примена на Agile и Scrum техники ќе стекнеш знаење за реалната работа на продукт менаџерите. Програмата на академијата е прегледана и одобрена од професионалци за продукти кои работат во Amazon, Microsoft и Honeywell.
Кариера
По успешното завршување на академијата, ќе стекнеш вештини за да работиш како Product Manager, Product Owner, Scrum Master или Agile професионалец. Исто така, ќе добиеш претприемачки знаења за да можеш да започнеш свој проект.
ЧПП
За кого е наменета оваа академија?
Наменета е за сите професионалци и ентузијасти за продажба кои што сакаат да навлезат во дејноста или да го продлабочат своето знаење преку нови перспективи и техники.
Дали е потребно предзнаење?
Без разлика на нивото на знаење на кандидатот, оваа академија ги поседува правите тренери, програма и алатки за да ве спреми да успеете во индустријата и да ги унапредите своите знаења и вештини.
Дали ке добијам практично искуство за време на академијата?
Да! Академијата вклучува реални проекти како и case-studies од водечки компании во земјата и во регионот. Во текот на оваа академија се стекнува вистинско искуство преку работилници во кои се решаваат предизвици поврзани со тековното и секојдневно работење.
Дали ке добијам сертификат?
Да! Оваа академија е CPD акредитирана. Изработена е по највисоки стандарди и критериуми за професионално развивање. Акредитацијата придонесува кон подобри идни кариерни предизвици, а во исто време гарантира дека Вашето образование е на највисоко ниво.
Можам ли да се вработам после академијата?
Да! Оваа академија ве припрема за директно вклучување на Sales или Business Development позиција по завршувањето.
Освен тоа, нашите партнери и соработници нудат можност за директно вработување, практична работа или препораки за вработување за нашите студенти додека трае академијата или веднаш по нејзиното завршување.