fbpx

Сезоната “AI -Разбивање митови и други дешавки” ја започнуваме со кој друг, ако не со ветераните на програмерскиот занает, познати и признати “виновници” за една од нашите најголеми академии, ментори, џедаи и почесни членови на нашиот Advisory Board – ликови кои и професионални и приватно подеднакво инспирираат со својата генијалност, но и отвореност и непосредност.
Се изнаслушавме разни теории за крајот на светот каков што го знаеме, секако, како последица на подемот на AI, па затоа и не оддолеавме на оваа тема малку да го провоцираме и ова наше dynamic-дуо.
П.С. Не очекувавме ништо помалку од искрени, директни и НЕдипломатски одговори како секогаш 😉 Уживајте!

Во иднина, програмерите ќе мора да бидат супер херои.

Нивната сегашна компетенција – знаење на неколку програмски јазици, алгоритми, и малку SQL – едноставно нема да биде доволна. Ќе треба да знаат како да комуницираат со AI како да се работи за колега кој е секогаш во право и никогаш не се жали на платата. Вештините кои ќе треба да ги имаат? Хммм Дефинитивно повеќе:

Разбирање на AI и Машинско Учење: Програмерите ќе треба да се претворат во полупрофесионални математичари и статистичари. Знаеш, да можат да ги разберат тие чудни модели и алгоритми што AI ги плука на екран.

Мултидисциплинарни Вештини: програмерите ќе треба да се разбираат и во дизајн, бизнис логика, маркетинг. Сè помалку ќе се брои чистото техничко знаење, а повеќе способноста да бидат ренесансни луѓе во технолошка смисла.

И сега, пристапот. Па..ќе треба да бидат генијалци во time-management, бидејќи, знаеш, AI-то ќе ги прави деловите на работа за 5 минути, но некој ќе треба да ги поправи тие 5 минути работа во следните 5 часа. Со други зборови, ќе станат мајстори на коригирање на кодот.

За крај само да кажеме дека веќе еднаш поминавме низ ова со Google пребарувачот. Сите мислеа дека ќе влијае драматично лошо по програмерите, а испадна алатка.

Тековно, решенијата кои се интегрирани со развојната околина (како Github, Copilot) бараат платени лиценци, и сеуште многу програмери не ги користат во редовната работа, додека повеќе се користат алатките кои работат на принципот на prompt (како ChatGPT).

Секако, LLM се многу интересна играчка, и доста од нив можат да се користат преку API-ја или со помош на пре-тренирани модели, така да има многу програмери кои си изработуваат свои алатки.

Тоа што е јасно е дека сеуште не е јасно колку ќе бидат овие алатки релевантни и корисни во покомплицираните програмерски задачи, ама јасно е дека можат многу да помогнат  во повеќето репетитивни и основни работи.

Сепак, да не заборавиме, ние програмерите постојано се трудиме да си ја автоматизираме работата веќе повеќе од половина век, и дека после толку автоматизација, денес има (и се потребни) повеќе програмери од било кога.

Засега, LLM алатките можат да генерират код, на крај на денот, тој код е моја одговорност и мое задолжение е да биде ефикасен, ефективен, и други долги зборови.

Прво, да заборавиме на оние денови кога студентите се мачеа со грешки во компилација по 3 часа. Зошто би се мачеле, кога Copilot е тука да го напише кодот за нив? Студентите сега можат да го поминат своето време во студентските барови, додека Copilot ги решава нивните домашни задачи. „Автоматизиран развој“ ќе добие ново значење: седи, пиј кафе, и гледај како магијата се случува на екранот.

Курикулумите? Да, тие ќе треба драстично да се променат. Знаеш, оние досадни лекции за основи на програмирање? Сега ќе ги замениме со „Како да му поставиш интелигентни прашања на твојот AI асистент“. Можеби и ќе воведеме нов предмет: „Напредна манипулација на Copilot за да звучи како ти си го напишал кодот“.

Инструкторите ќе имаат посебни курсеви за препознавање на „оригинален“ студентски код наспроти „Copilot“ код. Иронијата? Инструкторите сами ќе користат AI алатки за да ги оценуваат студентските задачи, бидејќи кој има време да проверува рачно?

Студентите ќе научат нови вештини, како „интеракција со дигитални помошници“ и „проверка на AI сугестии за грешки“. Знаеш, бидејќи AI е тука да помогне, но понекогаш сака и да се пошегува со некоја чудна линија код.

И конечно, проблемите. Студентите ќе се претворат во експерти за решавање проблеми што AI ги има создадено. Секој проблем ќе биде ново ниво на игра: „Намести го ова за да не изгледа како Copilot го напишал“. Ќе имаат уникатна вештина да се прилагодат на сите глупости што AI ќе ги извади.

Па, дали ќе има промени? Апсолутно! Студентите ќе станат програмери со уникатна способност за соработка со AI.

Искрено, не знам. Историјата е полна со примери кога човештвото користело технологија без доволно да ја разбира, и без да размисли кои дополнителни ефекти ќе ги има врз луѓето, а посебно врз околината.

Значи, од една страна, AI револуцијата е дел од долга низа паметни луѓе кои храбро и неодговорно немале поим што прават, но од друга страна, донекаде ни е јасен потенцијалот за како сето ова може да доведе до катастрофално лоши последици.

Како и секогаш, решението ќе е некаде помеѓу, во умерено користење на технологијата на местата каде што може да даде најголем придонес.

Но, мора да сме свесни за тоа што е константа на последните неколку децении  – автоматизацијата (од која што тековните алатки се само дел) има влијание на сите пори од општеството и многу тешко може да се предвиди.

Пример кој често го давам, како љубител на научната фантастика – многу, многу научни откритија се предвидени во литературата далеку пред да се остварат. Но, иако сите го предвидоа мобилниот телефон, скоро никој не го предвиде влијанието на мобилниот телефонот врз општеството – како не’ менува тоа што можам да си купам сендвич без да прозборам на човек.

Disclaimer:  Ова не беше планирано, ни договорено 😊

Иронијата во “Her” е што иако Саманта е само алатка, Теодор развива длабоки чувства за неа, покажувајќи како технологијата може да се интегрира во нашиот личен живот на начини што не сме ги очекувале. Ама развивање на длабоки чувства за алатки  кога ке размислиме не е ни толку чудно. Јас имам пријатели кои автомобилите си ги викаат мачиња 😊

“Her” е одличен пример за тоа како овие технологии може да го трансформираат нашиот начин на живот, од комуникација до емоционална поддршка, сè додека сè уште ни овозможуваат да ги задржиме клучните одлуки и контрола над нашите животи.

“Her”, баш заради тоа што AI не ги контролира нашите животи заради самото себеси, туку ние имаме тенденција да ја предадеме контролата ако така ни е полесно, или ако ни го олеснува тековниот проблем. Полесниот пат е секогаш попримамлив, и AI е само најновата алатка, еволуција на процесот кој трае од индустриската револуција наваму.

И да сме искрени, ние програмерите сме повеќе дел од проблемот, отколку од решението. Ама, што да правиме кога ни е забавно.

Моментално, најголемиот страв на секој програмер е веројатно дека AI, како што се Copilot и ChatGPT, ќе им ги преземе работните места. Колку е оправдан овој страв и што може да се направи за да се ублажи?

Малку е да се каже дека стравот е оправдан, но секако, не во целост. Ова е само забрзување на задачите, а никако замена на луѓето: AI алатките се дизајнирани да го забрзаат процесот на пишување код, да помогнат со дебагирање и да прават предлози. Тие се одлични за автоматизација на рутинските задачи, но сè уште не се на ниво да можат целосно да ги заменат човечките програмери, особено кога станува збор за креативноста и критичкото размислување.

Алатките кои се појавија последниве пар години можеби изгледаат како нешто страшно, нешто што ќе направи програмерите да станат непотребни. Но, во моето досегашно искуство, на секои неколку години се појавува нешто што ќе ги “реши” програмерите. Досега, секое такво “решение” ни отварало само повеќе работа.

Да, сите тие нешта менуваат многу работи во програмерскиот занает, но, единствена константа на програмерскиот занает е дека постојано се менува. Алатките и техниките со кои ја почнав кариерата веќе со децении не се користат, но има нови алатки и техники кои се доволно слични, и многу повеќе моќни.

Да не заборавиме, задачата на програмерот е да го сфати и да го објасни проблемот на таков начин, што дури и нешто толку глупаво како компјутер ќе може да го разбере. А друг збор за “спецификација која е доволно комплетна и прецизна што може да се искористи за генерирање на автоматски инструкции” e код.

Scroll to Top