fbpx

Реалниот проект е иницијатива на Qinshift Academy каде студентите применуваат теоретските знаења и вештини што ги стекнале во текот на академијата која ја посетуваат.

За софтвер тестерите,овој проект овозможува да се соочат со предизвиците на тестирањето во реална работна средина, истовремено придонесувајќи кон развојот на вистински софтверски производи. Разбирање на барањата на клиентот, креирање на тест сценарија, применување на изученото од мануелно и автоматско тестирање или идентификување на багови, се само дел од работите со кои се соочија студентите.

Овој пат, се работеше на тест сценарија за real-estate апликација која е во сопственост на Digital Nomads.

Анетка
Копачева

“Да се биде вклучен во работа на реален проект- тестирање на мобилна апликација,  за време на студирање на академијата за Софтвер Тестер беше истовремено  предизвик и  возбуда заради можноста да се примени дотогаш стекнатато знаење.

Во заеднички напор со уште тројца колеги од академијата, ја предводев целокупната организација и документација на процесот, од  прецизно планирање и  креирање агенда и тест стратегија, темелно изработени тест пакети  и bug – репорти, надополнето со user-feedback на крај, сето тоа имплементирано во успешна и креативна презентација која беше фокусирана на истакнување на  најкритичните bug – ови.

Јас и мојот тим сме возбудени да продолжиме да учиме и подготвени сме за нови предизвици.”

Ирена Кујунџиева Трајковски


“Неодамна на Qinshift Академијата се здобивме со знаење во полето мануелно тестирање, па можевме да го примениме во реален проект кој ни беше доделен да го изработиме. Можноста да ги имплементираме досега стекнатите знаење и вештини не однесе чекор поблиску до големата слика.

Способноста за детали, одговорноста, ефикасната коорелација со тимот и секако континуираната надоградба и желба за раст и развој според мене се од фундаментално значење за успех во оваа гранка.

Ова искуство претставува мотив повеќе и охрабрување да се продолжи со чекори напред кон нови предизвици и усовршувања во ова поле. 😊 “

Кире Милески

 

“Моето искуство со тестирање на софтвер за мобилна апликација беше позитивно. Научив многу и сум горд што бев дел од тимот кој изработи успешен проект.

Големo задоволство ми беше што досегашното стекнато знаење на академијата го имплементиравме во креирање на успешна тест стратегија. Се надевам дека ќе продолжиме да истражуваме и да се надоградуваме со знаење работејќи на нови проекти.”

 

Ирена Прескакулева

“Предизвик е практично да се примени знаењето кое го стекнавме во изминативе предавања за мануелно тестирање. Воедно претставува огромно задоволство да се биде во тим на прекрасни луѓе и заеднички да се надминат предизвиците за време на фазата тестирање.

Знаењето дека нашите напори ќе го поттикнат успехот на апликацијата, дополнително создава мотивација за идни успешни проекти.”

Овој реален проект е клучен дел од наставниот план на академијата за тестирање на софтвер. Стани дел од академијата за тестирање на софтвер, и стани дел од огромната мрежа на компании и проекти на кои можеш да работиш!

Следната група на академијата за софтвер тестер е во октомври.

Scroll to Top