fbpx

Пред академијата за UX/UI, јас бев студент на машински факултет на смерот индустриски дизајн, каде тукушто го започнав последниот семестар од моите студии.

-Од млади години имав различни интереси кои верував дека би било невозможно да ги комбинирам во една професија. Ја сакав уметноста, ја почитував науката и тежнеев кон психологијата. Како компромис, се запишав на машински факултет на смер кој се фокусира на дизајнот. Во последната година од моите студии, се запознав со поимот “дизајн на корисничко искутво” или UX/UI дизајн, професија која е вид на коктел на дизајн, наука и психологија. Во рок од една недела истражив се што можев за како да се стане UX/UI дизајнер, се придружив на 10+ групи на Facebook, Discord, заследив безброј Instagram профили за UX/UI дизајн, ја запишав академијата за UX/UI дизајн и потполно се обвземав со професијата.

Се вработив како UX/UI дизајнер во маркетинг агенцијата Thrasker која работи со американски клиенти.

-Мојот дизајн процес не е фиксен и варира од проект до проект. Скоро секогаш започнува со разговор со клиент и завршува со тестирање на проектот со помош на вештачка интелигенција или реални корисници.

-Омилен проект кој го имам изработено е веб страна за фирма која организира спортски настани со неонски реквизити кои светат на темно. Ова беше помеѓу првите мои проекти во Thrasker и ми остана како омилен бидејќи беше прв (но, не и последен) по “експериментален” дизајн кој го направив за реален клиент. Не е мојот најдобар дизајн, но е дефинитивно помеѓу најбомбастичните. Сега можам да препознаам грешки кои не би ги направила со знаењето што го имам денес, но добро ја памтам возбудата и гордоста што ја чувствував кога го дизајнирав.

-Би сакала млади UX/UI дизајнери да не се демотивираат доколку првите дизајни не им изгледаат добро. Постои мит дека добри дизајнери се раѓаат и тоа е далеку од вистината. Треба време и искуство за да се дојде до добар дизајн и е нормално (доколку немате претходно искуство со графички дизајн) да страдате со типографијата, хиерархијата на податоци и сите аспекти на визуелниот дизајн. Академијата е одличен почеток, но е само почеток. Гледајте колку што можете повеќе дизајни и запрашувајте се зошто одредени дизајни повеќе ви се допаѓаат од други. Со време ќе го извежбате вашето дизајнерско око и ќе можете сами да препознаете ваши, а и туѓи грешки. 

Scroll to Top